Скришно ми даваше пари, не прифаќаше дека не сум гладна - Зошто сум среќна што пораснав со баба?

Кој растел со баба, знае како таа скришно дава пари, чиниш е наркобос. Далеку од очите на дедо, мама и тато, со банкнотата свиткана и превиткана да ја собере во затворена дланка. Те викаат со поглед, ти даваат пари и слатко ти намигнуваат. И тоа без причина, секоја баба сака да си ги разгалува своите внучиња.

koj-rastel-so-baba-rastel-srekno-i-razgaleno-dobival-pari-skrishno-i-se-prejaduval_-01.jpg

Кој како дете растел со баба и дедо, почувствувал што е права љубов и, како и јас, сигурно не слушнал „не“ без разлика што и да побарал.

Мојата баба се откажа од своето работно место да се грижи за своите внуци. Уште од пелени, јас, мојата сестра и моите братучеди растевме со баба ми, која успешно се снаоѓаше со четири палавковци по дома.

koj-rastel-so-baba-rastel-srekno-i-razgaleno-dobival-pari-skrishno-i-se-prejaduval-02.jpg

Бабите се непресушен извор на посветеност и грижа и сè што прават за своите внуци, го прават со огромна доза љубов. Тие постојано ја покажуваат својата наклонетост кон своите внуци, не штедејќи ја ниту својата енергија, ниту финансиите, ниту емоциите.

Скришно даваат пари, како дилери

Кој растел со баба, знае како тие скришно даваат пари, чиниш се наркобосови. Далеку од очите на дедо, мама и тато, со банкнотата свиткана и превиткана да ја собере во затворена дланка.

Те викаат со поглед, ти даваат пари и слатко ти намигнуваат. И тоа без причина, секоја баба сака да си ги разгалува своите внучиња.

koj-rastel-so-baba-rastel-srekno-i-razgaleno-dobival-pari-skrishno-i-se-prejaduval-03.jpg

Не прифаќаат дека не сте гладни

За мојата баба, а верувам и за сите други баби, важи непишаното правило - не прифаќаат дека не сме гладни.

Нашите баби со брзина на светлината успеваат да ни дотурат уште едно парче месо, колаче, млеко или чај, без да ни дадат можност да кажеме не.

koj-rastel-so-baba-rastel-srekno-i-razgaleno-dobival-pari-skrishno-i-se-prejaduval-04.jpg

Секој ден за нив е само уште една причина да ја наполнат трпезата со највкусни домашни јадења и, мора да признаеме, бабите највкусно готват.

Секогаш кога баба ми месеше леб или крофни, ни даваше по парче тесто на сите за да ѝ „помагаме“. Всушност, тоа беше само трик за да бидеме зафатени и да се чувствуваме важни и големи.

Од тие игри со тестото, се роди и мојата љубов кон месењето, па многу често се обидувам да ги креирам и копирам нејзините мајсторски дела од брашно.

koj-rastel-so-baba-rastel-srekno-i-razgaleno-dobival-pari-skrishno-i-se-prejaduval-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg