Подарок и писмо за саканата

Некој дечко се решил да и купи на својата девојка подарок и да и го испрати, затоа што таа ќе била во посета кај роднините. Бидејќи не бил искусен во изборот на подароци, ја замолил нејзината сестра да му помогне.

podarok-i-pismo-za-sakanata-01.jpg

Во една продавница нашле преубави меки ракавици, обложени со топло крзно. Сестрата му помогнала во изборот, а кога веќе биле во продавницата си купила за себе еден пар гаќи.

Но, продавачката кога ги виткала по грешка направила збрка со подароците, па девојката ги добила гаќите со писмо:

Најдрага моја,

Се одлучив за овој подарок затоа што забележав дека не носиш на себе, особено кога одиме во прошетка, а оваа зима е навистина студена. Веројатно претпоставуваш дека ја зедов сестра ти да ми помогне во изборот. Кога ги видов, мислев дека се премногу нападни, знаеш дека јас сакам покласични модели. Но, сестра ти ми ги покажа нејзините, кои се многу сличен модел на овие и убаво стојат. Продавачката има исти такви, ги носи веќе 3 недели и едвај и се извалкале не се ни забележува, а вели дека ги остава насекаде. Ми објасни дека треба малку да ги превиткаш кога ги носиш за да се гледа крзното.

Едвај чекам да те видам и да ги тргнам од тебе, па да го бакнувам секој дел кој ти го покриваат!

Те сакам!

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg