Шишарки, тапи од вино: Идеи за „направи сам“ проекти на празнични украси (за малку пари)
На следната прошетка на Водно или во парк соберете си паднати шишарки, а потоа со лепило ставете им украси и со помош на коноп закачете ги како лампиони на елката. Уникатно и креативно, зарем не? Како да направите ѕвезди, персонализирани свеќи и уште низа кул украси?
Ако сте креативни и трпеливи, тогаш овие „направи сам“ проекти ќе ве инспирираат.
Направете си сами уникатни празнични украси.
Идеи за „направи сам“ проекти:
Персонализирани свеќи
Направете персонализирана свеќа за секој член од семејството, со помош на картичка со неговото име на секоја тегличка.
На дното од тегличката ставете вештачки снег или морска пена, па дури и сол, ставете ја свеќата, а горниот дел од тегличката украсете го со коноп.
Уникатни свеќници
Повторно потребни ви се теглички и свеќи, но овојпат декорацијата нека биде со помош на борови гранчиња.
Венче за на врата
Земете стара метална закачалка, откачете го едниот дел и на неа нижете лампиони, потоа додадете некое зелено гранче низ нив и прицврстете ја повторно закачалката и имате совршен венче.
Дрвени фигури
Земете тенки пресечени дрвца и со помош на акрилни бои цртајте на нив, очиња, носе, капчиња и ќе имате забавни празнични фигури. Со некое парче стар материјал направете им и шалче.
Куќички
Од картон исечете и залепете куќички, чии врати и прозорци ќе ги обои со сребрен лак за нокти.
Додадете зелени гранчиња за празнична атмосфера во некое ќоше од вашиот дом.