Лесни и евтини новогодишни „направи сам“ проекти со кои ќе си го украсите домот (фото)

Без да потрошите пари, направете си сами мини елкички од шишарки, елки од пластични лажици или свеќници со омилените новогодишни форми и уште 7 чекор по чекор идеи за „направи сам“ проекти кои може да ги пробате уште веднаш за божиќно украсување на домот. 

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-01.jpg

Периодов продавниците се преполни со новогодишни украси, но ако не сакате да фрлате еден тон пари, или едноставно уживате во рачните изработки, тогаш ви нудиме 9 идеи за празнични декорации кои може да ги направите сами. 

Се прават едноставно, без да потрошите многу пари (можеби и воопшто за некои од нив), може да го соберете семејството на куп и да уживате во времето поминато во „направи сам“ проекти со кои ќе може да се пофалите. 

Уживајте во магијата на празничната сезона и пробајте да го украсите домот со некој од следниве проекти:

Направете Снешко со украсување на капачиња од стаклени шишиња

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-02.jpg

Лампионите украсете ги со мозаик со исечени парчиња од старо ЦД

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-03.jpg

Скалата привремено направете ја декоративна елка со сијалички и висечки украси

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-04.jpg

Направете Рудолф од обоени парчиња од сложувалка со импровизирани очи и нос

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-05.jpg

Направете елка од хамер во зелена боја со пластични лажици или виљушки, обоени со зелен спреј

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-06.jpg

Децата нека направат персонализирани лампиони со нивната обоена дланка

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-07.jpg

Направете кул санки од бастунчиња и залепете ги омилените чоколатца

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-08.jpg

Направете си свеќници од тегли со омилените новогодишни форми

На проѕирна тегла залепете новогодишни форми од самолеплива хартија, а потоа теглата обојте ја со темперни бои или со четка тапкајте со мешавина од паста за заби и вода. На крај одлепете ја лепенката, а внатре ставете свеќичка. 

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-09.jpg

Направете мини елкички од шишарки, обоени или во својата боја со мали украси

lesni-i-evtini-novogodishni-napravi-sam-proekti-so-koi-kje-si-go-ukrasite-domot-foto-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото) „Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg