10 луѓе кои лузните на телото си ги претвориле во ремек-дела со тетоважа (фото)
Тетоважа која ја покрива лузната од вграден бајпас, тетоважа која истакнува лузни на уникатен начин или целосно ги прикрива. Луѓе споделуваат какви уметнички дела имаат наместо лузна на телото.
Некои луѓе се тетовираат заради уметност, други за да одбележат некој важен момент или човек кој ќе биде засекогаш запечатен на нивното тело, а трети за да прикријат нешто несакано.
Иако лузните многумина ги сметаат како доказ дека минале низ некоја животна битка, сепак има и такви луѓе кои не сакаат да се потсетуваат секојдневно на тоа гледајќи во лузните.
Во таков случај, тетоважата е најдобро решение за да се прикрие, а истовремено да се создаде уметност на телото, но има и такви кои со тетоважа уникатно ги истакнуваат лузните.
Луѓе на Редит споделуваат тетоважи кои прикриваат лузни или пак, ги истакнуваат на уникатен начин:
„Тетоважа покрај лузна од операција“
Прикриена лузна
Тетоважа врз лузни од операција
Тетоважи од печурки нацртани над лузни
Тетоважа на лузна која свети на одредена светлина
„Ме удри молња и се тетовирав“
„Со оваа тетоважа си ја покрив лузната“
„Си ги покрив лузните со тетоважа“
„Си ја покрив длабоката, страшна лузна на грбот“
„Мојата прва тетоважа. Решив да си ја украсам лузната од бајпас“
M. M. | Црнобело