9-годишно девојче само си шие фустани - дизајнерката Вера Ванг ѝ испратила машина за шиење

Браво! Креативно девојче од Колорадо смислува уникатни дизајни за себе и ги шие со помош на нејзината мајка.

9-godishno-samo-devojche-samo-si-shie-fustani-dizajnerkata-vera-vang-i-ispratila-mashina-za-shienje-01.jpg

Каја Арагон е 9-годишно девојче од Колорадо кое на социјалните мрежи го воодушевува светот со своите креации.

Каја својот прв дизајн го направила минатата година, а веќе има гардеробер преполн уникатни парчиња, креирани со помош на машината за шиење, која ѝ ја подарила дизајнерката Вера Ванг, откако го видела нејзиниот потенцијал.

9-godishno-samo-devojche-samo-si-shie-fustani-dizajnerkata-vera-vang-i-ispratila-mashina-za-shienje-05.jpg

Каја и нејзината мајка ги водат профилите заедно, а Каја вели дека отсекогаш сонувала да биде модна дизајнерка кога ќе порасне, но сега сонот некако спонтано ѝ се остварува уште од сега.

9-godishno-samo-devojche-samo-si-shie-fustani-dizajnerkata-vera-vang-i-ispratila-mashina-za-shienje-02.jpg

„Дури и кога не си креирав сама фустани, бирав парчиња со кои ќе се истакнам и ќе оставам впечаток“ вели Каја, а нејзината мајка која ѝ помага при шиењето вели дека идеите на нејзината ќерка се толку креативни, што некогаш и таа самата е изненадена, па мора да гледа туторијали за шиење за да може да ѝ помогне на ќерка си да ги претвори во реалност дизајните од нејзината глава.

9-godishno-samo-devojche-samo-si-shie-fustani-dizajnerkata-vera-vang-i-ispratila-mashina-za-shienje-03.jpg

Каја, покрај фустани, креира и други парчиња на облека за себе.

Дел од креациите на Каја:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Автобус, авион: Луѓе си направиле прекрасни домови од превозни средства (фото) Ако сте вљубеници во авантура и необично искуство, тогаш дефинитивно ќе ви се до...
Идеи за минималистички тетоважи за оние кои имаат нераскинлива врска со своето куче Ако љубовта кон вашето куче ви е посилна од сè, независно дали уште го чувате ил...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg