„Лудата куќа“ во која сѐ е наопаку е хит туристичка атракција – сите одат по таван и прават откачени фотки
Во оваа „луда куќа“ сѐ е наопаку. Посетителите можат да чекорат по таванот, а над главите им „виси“ мебелот. Објектот стана вистинска туристичка атракција за младите кои сакаат да ги направат најоткачените фотки.
Во колумбискиот град Гватавита, недалеку од главниот град Богота, е отворена „Лудата куќа“ (Casa Loca) каде сѐ е наопаку, а за брзо време истата стана вистинска туристичка атракција.
Станува збор за двокатна куќа која во целост е изградена наопаку, а е впечатлива и по црвениот автомобил „паркиран“ пред самиот влез на објектот.
Куќата стана вистинска атракција за туристите кои сакаат да влезат и да се фотографираат додека чекорат по таванот, а мебелот се наоѓа над нив.
Куќата е дело на Австриецот Фриц Шал, кој живее во Колумбија заедно со неговото семејство.
„Сите ме гледаа како да сум полудел кога им реков дека ќе изградам куќа наопаку“ – вели Шал во изјава за светските медиуми.
Тој вели дека инспирацијата ја добил во 2015-та година кога заедно со внуците патувале во Австрија каде видел слична куќа.
Изградбата била одложена поради состојбата со светската пандемија, но на почетокот на 2022-ра година објектот бил конечно готов и пуштен во употреба.
Цените за влез во оваа туристичка атракција започнуваат од 4 евра, а голем број посетители веќе имале можност да ја посетат оваа необична градба.
Погледнете повеќе фотографии и видеа од „Лудата куќа“ во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CaTdGfIuOlU/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CadZ7wCpqvX/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело