Како од научно-фантастичен филм – бруталистичките градби во Македонија ги фасцинираат новите Инстаграм генерации (фото)

Архитектонскиот стил брутализам се појавува во средината на 20 век (од 1950 до средината на 1970) како дел од модернизмот. Зборот „брутализам“ потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактеристичен за овој стил, béton brut, или натур бетон. Брутализмот се отсликува со масивен, монолитски дизајн со огромни бетонски блокови.

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija-01.jpg

Лидерот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, во обидот да ја покаже моќта на државата, ја преплавил со овој архитектонски стил.

Доволно е малку да погледнеме низ Македонија и да забележиме дека остатоците од брутализмот се сè уште во нашето опкружување. Овие градби денес ги фасцинираат помладите генерации, а се особено популарни на Инстаграм.

Во периодот од 60-тите па сè до 80-тите години од минатиот век во Македонија се појавуваат првите објекти со препознатливите карактеристики на брутализмот, особено во периодот после земјотресот.

Ова се само дел од најпознатите градби од ерата на брутализмот во Македонија:

Републички хидрометеоролошки завод, 1977, архитект Крсто Тодоровски

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (1).jpg

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (15).jpg

Универзитет Свети Кирил и Методиј – Скопје, 1974, архитект Марко Мушиќ

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (2).jpg

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (13).jpg

Студентски дом Гоце Делчев – Скопје, 1975, архитект Георги Константиновски

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (3).jpg

Македонска радио-телевизија, 1971-1983, архитект Кирил Ацевски

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (4).jpg

Народна банка на РМ, 1975, архитекти Радомир Лаловиќ и Олга Папеш

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (5).jpg

Главна пошта – Скопје, 1982, архитект Јанко Константинов

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (6).jpg

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (11).jpg

Железничка станица – Скопје, (дел од комплексот Транспортен центар), архитект Кензо Танге

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (7).jpg

Гимназија Никола Карев – Скопје, 1968, архитект Јанко Константинов

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (8).jpg

МАНУ, 1976, архитект Борис Чипан

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (9).jpg

Споменик Македониум (Илинден) – Крушево, 1974, архитекти Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска

Brutalisticki-gradbi-vo-Makedonija (10).jpg

(О)Милена | Црнобело / Извор

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025 Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации … Кои теми на божиќни уредува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg