Генијален изум: Вински стапчиња кои „го вадат“ мамурлакот од виното
Не постои нешто полошо од винскиот мамурлак, утредента по добро поминатата ноќ, посебно ако пиеме на празен стомак.
Ако максимално планирате да го искористите ова лето за вински дружби со пријателите, сигурно добредојдени ќе ви бидат овие измислени вински стапчиња кои буквално го влечат мамурлакот од чашата вино.
Според описот на производот, се работи за еднократни филтри кои делуваат за отстранување на хистаминот и конзервансите од виното за само 3 минути. Односно, тоа се состојките „задолжени“ за мамурлакот и главоболката.
Винските стапчиња може да се користат во секој тип на вино, просеко или шампањ, без да го променат вкусот.
Достапни се на Амазон и веројатно се нашиот омилен „изум.“
М. Д. | Црнобело