Исповед на Македонка: „Поради пандемијата почнав со рачни изработки, сега работата ми е задоволство“

„Беше едно декемвриско студено, депресивно утро.. Кога мислејќи дека пролетта е толку далеку и дека сонцето којзнае кога за мене ќе изгрее и покрај големиот труд што беше вложен во моите студии, уште пред 4 години успешно ја добив дипломата за наставник по одделенска настава...“, раскажува Весна од Скопје.

ispoved-na-makedonka-poradi-pandemijata-pochnav-so-rachni-izrabotki-sega-toa-mi-e-izvor-na-prihod-01.jpg

Весна од Скопје е мајка која пандемијата ја оставила дома со нејзиното малечко, без работа и без визија за иднината.

Сепак, слободното време почнала да го користи за правење на рачни изработки како хоби и тоа полека прераснало во нејзин извор за приход.

Сега работата ѝ е задоволство и ја раскажува својата приказна за CRNOBELO.com за да ги инспирира и другите да ги следат своите соништа.

Нејзината приказна:

„Една приказна за Пеперутка која мислеше дека крилјата ѝ се одземени... Беше едно декемвриско студено, депресивно утро... Кога мислејќи дека пролетта е толку далеку и дека сонцето којзнае кога за мене ќе изгрее.

Во најголемата заблуда дека таа пеперутка ништо не може, освен да биде дома и да прави сѐ за да го заштити своето малечко од страшната епидемија, а за себеси мислеше дека ништо повеќе не може...

ispoved-na-makedonka-poradi-pandemijata-pochnav-so-rachni-izrabotki-sega-toa-mi-e-izvor-na-prihod-02.jpg

И покрај големиот труд што беше вложен во моите студии, уште пред 4 години успешно ја добив дипломата за наставник по одделенска настава... Големиот страв кој ја обзеде таа пеперутка, за миг го снема.. Како? Епа вака... Не беше толку лесно како сега, накратко ќе ви ја раскажам мојата приказна...

Сакам да ја споделам за да ви дадам цел на сите вас затоа што сигурна сум дека баш сите имате по некој скриен талент во себе. Таа пеперутка станувајќи секое утро размислуваше за детството... За убавите денови во селото на чардакот кај својата баба...

View this post on Instagram

A post shared by World of Flowers (@worldofflowers___)

Колку смешни моменти беа тие, кога слатко се подбутнувавме на чардакот: која побрзо ќе ги наводни пеларгониите и бегониите, и мирот што го замисли застана. Се присети на есента кога сите тие веќе венееа.. и секогаш помислував „ Ах, колку сакам секогаш да беа убави како кога цутат ”.

Во целиот тој дел... присуствуваше и еден мој најголем учител и ангел кој далеку од Холандија секогаш ме бодри и мотивира дека секој може сѐ.. Ама не како клише... Туку гласно секојдневно одекнуваше: „Ти можеш!”.

Па, така тоа заедно со мојата огромна желба, мојата малечка да добие подарок за Божиќ лично од мене, ми ги споија тие три волшебства: ангелот од Холандија, исушените цветови и подарокот кој си го зацртав во моите мисли.

Не дека не можеше да се добие тој подарок... секако дека можеше... Но, сакав во тој миг да е само од мене.

Но како да го најдам најбрзо мирот? Како сега наеднаш да започнам? Секогаш бев снаодлива и креативна. Па, затоа токму пред Божиќ знаев што секој сака да има во својот дом: Едно прекрасно цвеќе што не венее и Божиќен венец. Па, така го изработив првиот.

По него и вториот... потоа трет... Колку само бев пресреќна... Скршените крилја на таа пеперутка, не само поради порачките туку поради мотивираноста и поддршката од сите нив дека мојот труд и огромната креативност конечно е нешто кое другите го ценат.

Започнаа божиќните венчиња... По нив и необичните поклончиња за Денот на вљубените, па акрилот на платно кој од мали нозе ми беше мојата хармонија. Па, комплетите за 8-ми Март... Па, рамките кои од секогаш ми биле најомилен детаљ во домот... На нив да има цвеќе кое секогаш ќе буди насмевка на сите нас... Па дојде и идејата за „Baby Boy“ и „Baby Girl“ пакетчиња...

Инспирацијата повторно доаѓаше со пронаоѓање на најнеобични вазни и цветови. Поголемиот дел од материјалите кои ги користам се од Холандија, но се трудам да најдам и од тука најнеобични и интересни.

Си најдов и многу драги партнери за вметнување на слатки во моите декорации од „SweetWorldKate“, која исто така по моја иницијатива, се мотивираше да започне... Нејзиниот огромен талент да го сподели со сите нас. И за пакетчињата за бебиња „SweetBaby“.

Започнав и со рачно изработени 100% памучни и антиалергенски ранери и чаршафи за масички... Често, на многу културен начин, бидејќи сакам секој од вас да добие совршена изработка и да се вклопи целосно совршено за таму каде што е наменет, барам слика..

По неа, веднаш знам кој стил одговара. Секогаш сум искрена доколку нешто навистина не одговара, само за на крајот да дојде до совршенство.

Приказната на AButterfly продолжува, сега крилјата ѝ се поткренати и ги изработува Велигденските кошнички... Следете ги нејзините весели и цврсти крилја, за да дознаете и понатаму како таа ќе продолжи да ви дарува волшебства, мир и сила...

Секојдневно ќе ве изненадува со многу љубов.. и не заборавајте.. Секоја пеперутка не умира кога ќе и се скршат крилјата, туку таа сама со сета своја сила ќе ги подигне и ќе почне да лета со нив..“

Дел од изработките на Весна:

https://www.instagram.com/p/CKwY_MYrg6n/

https://www.instagram.com/p/CKT_mKjLkMK/

https://www.instagram.com/p/CIrXjvfrhZt/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg