Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ги направите сами најпопуларните свеќи што го освоија Инстаграм? (видео)

Свеќите во форма на коцка со меурчиња се тренд кај инстаграмџиите веќе подолг педиод. Совршени се за подарок, или за стилски да уредите некој дел од домот, а мошне лесно може да ги изработите и сами.

kako-da-gi-napravite-najpopularnite-svekji-sto-go-osvoija-instagram-01.jpg

Свеќите се нарекуваат популарно bubble candles затоа што со својот облик потсетуваат на меурчиња, а се мошне популарни затоа што се вклопуваат одлично во секој дел од вашиот ентериер.

Изгледаат стилски и го прават луксузен ентериерот, а може да ги комбинирате на различни начини. Доброто е што можете и сами да ги изработите во количина и боја која што ја посакувате. 

Материјалите потребни за изработка на свеќи, можете да ги најдете во некои од продавниците за сликарски прибор, или пак на AliExpress.

Еве што ви треба за да ги направите овие ултра-популарни свеќички:

Потребни состојки:

  • Силиконски bubble калап
  • Восок од стари свеќи
  • Фитил за свеќи
  • Етерично масло по избор
  • Сад (за топење на восокот)

Начин на изработка:

Заштитете ја масата каде што ќе ја правите свеќата со весник или хартија;

Во длабок сад се ставаат остатоци од старите свеќи, а потоа се загреваат за да се стопат (доколку сакате мирисливи свеќи, додека се топи восокот во него може да ставите неколку капки етерично масло);

На дното на калапот за bubble свеќи, се прави дупка низ која треба да се протне фитилот за свеќа;

По ова стопениот восок се става во калапот;

Потребно е восокот целосно да се олади во калапот, по што се вади свеќата од него.

За детални упатства, погледнете ги видеата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уникатни и рачно изработени подароци за Валентајн, од македонски мали бизниси Рачно плетен приврзок срце, брошеви со љубовни симболи, персонализирана книга ко...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Популарен трик за виткање подарок – како сами да го спакувате како професионалец? (видео) На социјалните мрежи нов хит за виткање новогодишни подароци е со украсна хартиј...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg