58-годишна жена шие косплеј костими инспирирани од реални и фиктивни ликови – нејзините фотосесии се волшебни
Многу повозрасни жени имаат хобија како плетење или шиење, но 58-годишната Марина Бадјанова сигурно ги надминува сите - таа самата шие косплеј костими инспирирани од разни реални и фиктивни ликови, а потоа прави фотосесии со нив.
Марина живее во Санкт Петербург и самата си шие костими инспирирани од бајките, народните приказни и историјата. Потоа, со помош на неколку талентирани фотографи, таа прави неверојатни фотографии носејќи ги нејзините костими.
Марина почнала со ова хоби во 2015-та, додека одбирала облека за фотосесија на нејзината ќерка. Бидејќи ѝ било многу забавно, решила и самата да почне да се облекува интересно и да прави фотосесии.
Со текот на времето нејзините костими станувале сè покомплексни и во изминативе неколку години таа има направено фотосесии како вештерка, кралица, историски личности, пират, ликови од бајки и народни приказни…
Марина сама ги изработува костимите и речиси сите детали што ги гледате на фотографиите. Истовремено, држи и часови по шиење за оние кои сакаат да научат, и тоа бесплатно.
Потребните материјали ги наоѓа по пазарчиња, продавници за облека на старо и антикварници.
Косплеј културата е доста популарна помеѓу младите, но ретко ќе видите повозрасен човек кој сака да се преправа во разни ликови.
Токму поради тоа, Марина е доста добро прифатена во оваа заедница и вели дека редовно споделува совети и мислења со млади луѓе кои го имаат истото хоби.
Дел од најдобрите фотки на Марина:
Спирова С. | Црнобело