Уживање во интимност – пловечки парк од мали островчиња во пристаништето на Копенхаген
Во пристаништето на Копенхаген наскоро ќе бидат поставени мали вештачки островчиња, кои ќе бидат како еден вид пловечки парк.
Островите се дизајнирани од австралискиот архитект Маршал Блечер, а целта на проектот е да се направи ново место за уживање и релаксација во главниот град на Данска.
Според архитектот, на секое од островчињата ќе има трева, грмушки и дрвја, кои ќе служат и како засолниште за локалните птици.
Уште поинтересно е што островчињата ќе бидат направени од рециклирани и одржливи материјали, а за конструкцијата ќе се користат традиционални техники за правење бродови од дрво.
Истовремено, островите ќе бидат подвижни, па од сезона во сезона ќе се преместуваат на разни делови од пристаништето.
Во 2018-та беше направен прототип на овој проект, кој се покажа како многу успешен – островчето наречено CPH-Ø1 било често посетувано, па дури добило и неколку награди за дизајн. Во текот на оваа година, на овој остров ќе му е придружат уште три.
Според архитектот, најголемиот од новите острови ќе биде составен од девет делови, и овој „пловечки парк“ ќе биде достапен за сите - рибари, пливачи, туристи...
Спирова С. | Црнобело