Први подготовки: 15 лесни и забавни начини како да почнете со славење на Велигден
Од храна и пијалаци, па сè до декорациите во домот, постојат многу забавни, а едноставни начини на кои можете да го прославите Велигден.
Веројатно ви се чини рано, но на никој нема да му пречи вашето подрането празнично расположение.
Полека почнете да го подготвувате домот. Прво добро исчистете го, направете една пролетна генералка, па потоа искористете идеи како да го украсите со светкави јајца, зајачиња...
Деновиве ако случајно ви се најават гости, пробајте да подготвите нешто во велигденски дух. Не секогаш мора да го служите стандардното мезе и да пиете вино.
Почнете полека, но сигурно...
1. Ставете неколку цветни гранки во убав стаклен сад, па потоа додадете светкави јајца од стиропор. Заменете го обичниот букет со ваков аранжман до крајот на месецот.
-->
-->
2. Исечете зајчиња од бел лист хартија, па направете им опавчиња од розова вуница.
-->
3. Надувајте неколку шарени балони, па потоа со бела боја обојте ги за да изгледаат како јајца.
4. Направете сладок венец за на врата од гумени бонбони во облик на зајчиња или пилиња - изборот е ваш. Залепете ги на подлога од стиропор, закачете една машна и работата е завршена.
5. Стопете повеќе чоколади, а кога ќе бидат во течна форма ставете ги во тава и одозгора додадете им шарени бонбони и чоколадни зајчиња. Украсете со шарени трошки, замрзнете и ќе имате уникатен домашен десерт.
6. Направете салата по желба, обликувајте ја како елипса со мало врвче, нарендајте чедар кашкавал, ставете неколку гранки магдонос и имате декоративен морков за на трпезата.
7. Измешајте ги жолчките од варените јајца со малку павлака, мајонез и рендано цвекло, добро измешајте, па кремот ставете го во белките. На тој начин обичните варени јајца ќе делуваат многу повкусно.
Уште 8 идеи на следната страна...
-->
-->
Би можело да ве интересира:

5 идеи за украсување на божиќната трпеза
Аранжман од неколку божиќни цвеќиња на средината на масата, или пак, минималисти...

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот
Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца?
Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки
Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...

Пред vs. потоа: Моќни трансформации на соби, по реновирање
Како со малку пари, љубов и труд, просториите во домот можат да добијат сосема н...

Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата
Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...