12 идеи за генијален урбан дизајн (кои треба да ги примениме и кај нас)
Паркинг места пред зградите претворени во мали градини, станбен комплекс со свој парк, повеќе простор за пешаци и велосипеди отколку за автомобили – неколку фотки што докажуваат дека секој град може да стане попријатно место за живеење.
Со забрзаниот развој на буквално сè околу нас, голем број градови, вклучувајќи и во Македонија, се претвораат во „бетонски џунгли“.
Има сè повеќе сивило наместо зеленило, и сè повеќе простор за автомобили отколку за пешаци.
Но, во некои градови не се дозволува ова и тамошните жители се секогаш на прво место.
Неколку идеи за генијален урбан дизајн кои треба да ги примениме и кај нас:
Сообраќајна лотарија во Стокхолм, Шведска
„Ако возите под ограничената брзина, автоматски учествувате во лотарија, каде што наградата доаѓа од казните што ги плаќаат оние кои ги прекршуваат сообраќајните правила“.
Осветлен пешачки премин во Франција
„Светилките се вклучуваат кога на пешачкиот има луѓе, со цел да ги предупредат возачите ако видливоста е лоша“.