Македонка споделува постапка за изработка на првоаприлска маска за деца – Како да го маскирате детето во цвет?
Потребно во е старо сламено шеширче, картон, мека хартија, хамер хартија, сатенски врвки, лепило и боички. Елена Алач ја прикажува постапката за изработка на минатогодишната првоаприлска маска на нејзиното дете, кое беше маскирано во цвеќе и привлече огромно внимание на социјалните мрежи.
Елен Алач, по професија е магистер по фармација од Охрид, а привлекува многу внимание со своите креативни проекти што редовно ги објавува на социјалните мрежи.
Минатата година таа своето дете го маскира во преубаво цвеќе, а годинава, откако добила повеќе прашања за изработката на маската, таа одлучи да ја сподели постапката на нејзиниот Инстаграм профил.
Потребно ви е старо сламено шеширче, картон, мека хартија (tissue paper), хамер хартија, сатенски врвки, лепило, боички и сунѓерче.
Во продолжение погледнете ја чекор по чекор постапката за изработка на оваа маска:
Б. С. Б. | Црнобело