Една (бесмислена) фраза што секој хороскопски знак мрази да ја слушне (и зошто?)
Секој хороскопски знак има по една реченица што го вади од кожа и што не сака да ја слушне. Која е вашата?
Со Бикот сѐ ќе биде во ред, додека не му побарате да пробате од неговото јадење. Овенот мрази да му велите дека треба да се смири кога е видно налутен, а за Раковите ќе бидете најголеми непријатели ако се обидете да ги натерате да пробаат нешто ново...
Која реченица треба да избегнувате да ја изговорите со секој хороскопски знак за да избегнете бесмислени караници?
Овен – Полека, смири се!
Овните најмногу од сѐ мразат некој да им соли памет, особено кога тоа го прави на агресивен начин.
Дополнително, тие сметаат дека нивниот гнев е оправдан и секој што им вели дека треба да се смири, за нив е непријател.
Кога им велите да ги смират емоциите, тоа за нив е исто како да им велите дека нивните чувства се неважни.
Бик – Не бев гладна кога нарачувавме, но сакам само малку да пробам...
Тие се мошне посесивни, особено кога станува збор за храната.
Ништо не може да го изнервира Бикот како фактот дека не сте нарачале ништо кога седнувате некаде заедно, а потоа барате да пробате од неговото јадење.
Ако планирате да излезете со Бик, планирајте дека секаде ќе треба да си нарачате своја порција.
Близнаци – Некој ми кажа нешто за тебе, но не смеам да ти кажам кој е...
Близнаците мразат кога им премолчувате детали и сметаат дека ако сте почнале нешто да им кажувате тогаш тоа треба да го направите до крај.
Дополнително, пак, кога се работи за нив!?
Нема да ве остават на мир сѐ додека не им кажете сѐ што знаете.
Рак – Ајде за промена да излеземе некаде...
Запомнете - Раковите сакаат да си седат дома и не сакаат нагли промени.
Така сѐ што подразбира излегување од зоната на комфор и сѐ што е ново и непредвидливо, тие веднаш ќе го отфрлат, а и ќе ви се налутат затоа што сте се осмелиле да им предложите нешто такво.
Лав – Сакав да ти купам поскап подарок, но го најдов истиот поевтино
Познати се дека се мошне дарежливи со пријателите и за нив големите гестови покажуваат колку навистина ја ценат личноста.
Но, очекуваат и да им биде возвратено со иста мера и ако им кажете дека сте заштедиле на нивниот подарок, ќе сметаат дека не сте сакале да се потрудите доволно.
Девица – Почекај малку, не можам сега...
Тие се перфекционисти што сакаат да бидат свесни за сите детали на сѐ што прават.
Кога некој не им обрнува внимание или им вели дека подоцна ќе им обрне внимание, Девиците сметаат дека таа личност или не го цени нивниот труд или дека ќе направи некој проблем што Девицата ќе треба да го решава.