Една (бесмислена) фраза што секој хороскопски знак мрази да ја слушне (и зошто?)
Вага – Ајде јавно да гласаме
Познати се по тоа што сакаат на сите да им угодат и не сакаат јавно да бидат ставени во фокусот на вниманието и да го искажат своето мислење, затоа што ќе имаат грижа на совест дека заради нив некој не го добил тоа што го посакувал.
Кога ги повикувате на јавно гласање ги ставате во незгодна ситуација јавно да мораат да го кажат своето мислење за кое долго време молчеле.
Скорпија – Не се грижи, тој нема да каже никому...
Скорпиите по природа се мошне таинствени, па тоа што тие ви се довериле со некоја тајна е вистинско чудо.
Кога ќе дознаат дека сте ја изневериле нивната доверба и нивната тајна сте ја кажале на некој друг, лесно ќе ги извадите од кожа.
Тоа што им велите дека не треба да се грижат само дополнително ги влошува работите.
Стрелец – Чекај, ти немаше факултет, така?
Стрелците се мошне интелигентни и љубопитни и нивниот природен талент за да ги искажат теориските концепти значи дека тие се навикнати на тоа да бидат третирани како најпаметната личност во друштвото.
Кога некој ќе им перфрли дека не завршиле образование, тоа за нив е вистински удар и им го повредува егото.
Јарец – Може да те прашам нешто лично?
Јарците сакаат да постават граници, а тоа се однесува и на пријателите и на блиските луѓе.
Во мигот кога ќе почувствуваат дека некој се обидува да ги надмине тие граници и сака да им навлезе во приватноста, Јарците веднаш избувнуваат.
Водолија – Хаха... Леле, не читам вести
Водолиите отворено го кажуваат своето мислење за сѐ што ги засегнува, а ако нешто не ги интересира ќе ви објасни и зошто сметаат дека не треба да си го губат времето за тоа.
Постојано следат сѐ што се случува во светот и имаат сопствено мислење за сѐ, од политичките случувања, до најновите модни промашувања на црвен тепих.
Ако вие глумите дека не сте слушнале за да избегнете конфликт и да не го кажете сопственото мислење, тоа ќе ги извади од кожа.
Риби – Не ти верувам!
Рибите честопати сакаат да живеат во својот свет на имагинацијата, па и да измислуваат цели настани или случки или да ги „филуваат“ приказните со измислени детали.
Кога некој ќе им каже дека не верува во нивните приказни, тоа ги буди и ги враќа во реалноста – каде воопшто не им е пријатно.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: freepik.com