Љубовен хороскоп за август 2022: Лавови – ви се заканува разделба, Стрелец - летната авантура ќе прерасне во врска
По разочарувањето што ќе го доживеат можно е слободните Лавови целосно да се повлечат и да не размислуваат повеќе за нови љубовни врски, а Девиците овој месец најверојатно ќе ја запознаат својата сродна душа. Што ве очекува на поле љубов во август 2022?
Како ќе го запоменте ова лето? Дали август 2022-ра за вас ќе биде месецот кога конечно ќе ја запознаете својата сродна душа, или тоа ќе биде месецот што ќе ви донесе разочларување и разделба?
Кому ѕвездите му се наклонети на поле љубов, а кој не треба да има преголеми надежи овој месец?
Овен
Ако сте во врска:
Во првата половина на август ќе бидете во дослух сте со желбите и потребите на партнерот и сакате да му ги исполните сите фантазии, но очекувајте засилената посесивност и склоност кон љубоморни испади да резултираат со повремени тензии во меѓусебниот однос.
Втората половина од месецот ви носи подобра комуникација со партнерот и ќе имате желба да ги решите сите недоразбирања.
Ако сте слободни:
На почетокот од месецот можно е да имате некоја интересна средба со личност што ќе ве привлече уште на прв поглед и со која ќе чувствувате дека имате многу заеднички работи.
Ќе почнете да се гледате повремено и полека ќе се обидувате да откриете дали тоа е вистинската личност за вас.
Можно е на крајот на месецот јавно да објавите дека сте во нова врска.
Бик
Ако сте во врска:
На почетокот од месецот можно е да заминете на некое викенд патување со саканата личност каде ќе уживате во силните страсти, што ќе ви го подобри расположението и ќе ви помогне да го подобрите меѓусебниот однос.
Кон крајот на месецот, можни се несогласувања и спротивставени ставови за некои заеднички цели.
Вашата тврдоглавост и упорност ќе дојдат до израз па сосема е возможно да се обидувате на партнерот да му ги наметнете сопствените ставови.
Ако сте слободни:
Ќе запознаете некоја личност кон која уште на првата средба ќе почувствувате силна физичка привлечност.
Кон средината на месецот можно е да влезете во интимни односи, по што ќе се појават и силни емоции. Можно е да одлучите да влезете во нова љубовна врска, доколку не ви пречи тоа што вашиот нов партнер ќе почне да покажува силни знаци на љубомора.
Близнаци
Ако сте во врска:
Ќе уживате во излегувањата и заедничкото време поминато со саканата личност.
Чувствувате дека добро се разбирате и дека сега е вистинско време да заминете на некое заедничко кратко патување каде би можеле да се опуштите и добро да си поминете.
За вас август ќе биде во знакот на зацврстување на односот со партнерот, отворени разговори и безрезервна поддршка.
Ако сте слободни:
Некоја личност ќе ве привлече со својот изглед, а откако ќе се запознаете подобро, ќе сфатите дека привлечноста е взаемна.
Очекувајте тоа да биде некоја динамична личност, секогаш подготвена за нова авантура.
Во втората половина на месецот можно е да започнете романтична врска што ќе се покаже како добра одлука во иднина.
Рак
Ако сте во врска:
Во август ѕвездите не ви се наклонети на поле љубов.
Можни се сериозни недоразбирања и расправии со партнерот што ќе доведат до заладување и оддалечување.
Најверојатно ви пречат големиот број обврски и ангажмани на партнерот, а веројатно е да имате расправии и околу финансиите.
До крајот на месецот можно е работите уште повеќе да се влошат, па да почнете да се соочувате и со сериозна недоверба во врската.
Ако сте слободни:
Чувствувате дека некое ново познанство на почетокот од месецот ви носи нови возбудувања и нова динамика во секојдневниот живот.
Можно е многу брзо да се впуштите во интимни односи, па со текот на времето да сфатите дека немате премногу заеднички интереси и дека имате различни потреби во врската.
Многу веројатно е ова да биде само минлива авантура по која ќе го помните ова лето.
Лав
Ако сте во врска:
Со партнерот имате спротивставени ставови за тоа како треба да ги реализирате заедничките цели и семејните прашања, а несогласувањата може да доведат до заладување на односите.
Втората половина од месецот ви носи голем број обврски на другите полиња во животот, па нема да имате доволно време да му се посветите на партнерот што само уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата.
Доколку не се обидете да најдете заедничко решение, можно е крајот на август да ви донесе и разделба.
Ако сте слободни:
Некоја динамична, друштвена и авантуристичка личност ќе ве освои со сопствениот оптимистички поглед на животот.
Иако, многу е веројатно брзо да влезете во врска, за брзо време ќе сфатите дека сте многу различни и дека имате спротивни ставови за многу работи во животот.
Ќе се покаже дека врската за која имавте голема надеж е само минлива авантура, што е можно да ве натера да се повлечете и воопшто да не размислувате за интимни врски подолг период.
Девица
Ако сте во врска:
На почетокот на август, заедничките планови за зголемување на буџетот во домот и интимните моменти ќе ви помогнат да ги подобрите односите со партнерот.
Очекувајте голем број искрени разговори што ќе ве натераат во целост да се отворите пред партнерот и да му доверите некои тајни што никој не ги знае за вас.
Можно е да заминете на некое заедничко патување или на одмор каде ќе уживате во времето поминато со саканата личност.
Ако сте слободни:
Доколку подолго време сонувате за тоа да ја најдете вашата сродна душа, постои можност август да ви донесе некое ново познанство со некоја личност што ќе ве освои уште на прв поглед.
Во втората половина од месецот ќе ве водат силни емоции и ќе бидете подготвени да влезете во сериозна врска што ќе се покаже како складна и среќна.