Љубовен хороскоп за август 2022: Лавови – ви се заканува разделба, Стрелец - летната авантура ќе прерасне во врска
Вага
Ако сте во врска:
Ќе имате голем број излегувања, забави и патувања со партнерот, но можни се некои недоразбирања поврзани со финансиите.
Додека вие сѐ уште ќе сакате да шетате и да уживате во животот, партнерот е решен финансиите мудро да ги инвестирате.
Ќе успеете да ги надминете несогласувањата, доколку разговарате за вашите искрени чувства, и ако на саканата личност ѝ ги пружите потребната љубов и почит.
Ако сте слободни:
Многу е веројатно на некој настана да запознаете некоја нова личност преку заеднички пријатели со која ќе почнете веднаш да се состанувате.
Ќе сфатите дека имате голем број заеднички интереси, заради што во втората половина од месецот можно е да одлучите да влезете во емотивна врска, која ќе се покаже како складна, иако меѓу вас ќе бидат видливи и некои разлики.
Скорпија
Ако сте во врска:
Сакате да внесете нешто ново во љубовната врска што ќе ви донесе повеќе динамика и интимни мигови со партнерот, но и остварување на заедничките желби.
Имате силни чувства за партнерот и сакате да му ги остварите сите желби.
Втората половина од месецот ви носи повеќе заеднички излегувања и забави, а искрените разговори ќе ви овозможат уште повеќе да ја зацврстите врската.
Ако сте слободни:
Ќе ве привлече некоја личност со мошне цврсти карактер, убав изглед и која што ќе зрачи со авторитет.
Ќе бидете изненадени од интересот што таа ќе го покаже за вас, а заедничките излегувања и состанување за брзо време може да прераснат во складна емотивна врска.
Стрелец
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот можно е да отпатувате во странство со саканата личност, а ѕвездите ви се наклонети и за остварување на заедничките цели.
Во втората половина на месецот односите со саканата личност ќе бидат хармонични, но можни се проблеми и несогласувања со други членови на семејството.
Бидете сигурни дека сте свесни за нивните потреби и обидете се да најдете заеднички решенија.
Ако сте слободни:
Некое патување на почетокот од месецот можно е да ви донесе краткотрајна и бурна авантура.
Сепак, иако најверојатно првичната замисла ќе ви биде оваа врска да биде краткотрајна, можно е по заминувањето да одлучите да ја продолжите комуникацијата со личноста што сте ја запознале, а тоа во индина да прерасне во сериозна интимна врска.
Јарец
Ако сте во врска:
Слободното време во целост ќе го посветите на подобрување и зацврстување на односот со партнерот.
Ќе ве водат силните емоции и желбата за складна емотивна врска.
Во втората половина од месецот можно е да започнете заеднички проекти, како уредување на домот што на крајот на месецот може да ви донесе несогласувања заради спротивните ставови во поглед на трошењето ан заедничките финансии.
Ако сте слободни:
Некоја личност ќе ве привлече со сопствената оригиналност, динамика и авантуристички дух.
Во првата декада од месецот ќе сакате да поминувате колку може повеќе време со оваа личност што секогаш е подготвена за добра забава, а ќе ве привлече со добриот изглед и позитивната енергија.
Ќе почнете да размислувате за сериозна врска, но брзо ќе сфатите дека личноста што ви се допаѓа е премногу „немирна“ и дека не можете да ја скротите.
Водолија
Ако сте во врска:
Месецот ќе го започнете во хармонична атмосфера со партнерот и сметате дека сте ја подобриле комуникацијата и дека меѓу вас постои взаемно разбирање.
Сепак, можни се некои неочекувани недоразбирања и расправии поврзани со семејните обврски и поделбата на обврските во домот.
Во втората половина од месецот разликите ќе бидат уште повидливи и ќе ви се чини дека никој од вас нема намера да попушти.
Сепак, кон крајот на август ѕвездите ќе ви бидат понаклонети и можно е решавање на сите недоразбирања.
Ако сте слободни:
На слободните Водолии август ќе им донесе нова сериозна врска со некоја личност што ќе ги привлече со сопствената интелигенција, начинот на комуникација, културните манири, оптимизмот и ведриот дух.
Заедничките разговори и активности ќе прераснат во интимни односи, а тоа ќе предизвика силни емоции.
Риби
Ако сте во врска:
Чувствувате дека партнерот ви е посветен и сака да направи сѐ за да ги подобрите меѓусебните односи.
Август ќе ви донесе хармонични односи, реализација на голем број заеднички планови и подобрување на меѓусебната комуникација.
Сепак, кон крајот на месецот можни се недоразбирања, доколку не се обидете да ги разберете меѓусебните потреби.
Ќе биде потребно брзо да постигнете компромис.
Ако сте слободни:
На почетокот на месецот ќе ја запознаете личноста што ги исполнува сите ваши критериуми при изборот на партнер за емотивна врска.
Тоа ќе биде комуникативна и практична личност, со смисол за ред и склад и ќе чувствувате дека е тоа што ви треба за да ја неутрализира вашата природна хаотичност.
Во втората половина од месецот веројатно е да одлучите да влезете во нова романтична врска.
Б. С. Б. | Црнобело