6 хороскопски знаци кои најчесто им се враќаат на бившите партнери

Штом ќе се вљубат, Раковите почнуваат да ја планираат заедничката иднина со партнерот, па ако дојде до раскинување, тешко ќе се справат со ситуацијата. Затоа, ако тој им побара втора шанса, ќе му ја дадат без многу размислување.

6-horoskopski-znaci-koi-najchesto-im-se-vrakjaat-na-bivshite-partneri-01.jpg

Во зависност од околностите, на некои врски навистина вреди да им се даде втора шанса.

Можеби причината за раскинувањето било недоразбирање или друг лесно решлив проблем, па штом помеѓу партнерите постои љубов, доверба и почитување, логично е да си дадат втора шанса.

Од друга страна, постојат и врски кои никако не заслужуваат втора шанса, но тоа не значи дека не ја добиваат.

Дали вие настојувате да им давате втори шанси на бившите, или по раскинувањето ништо не може да ве натера да се свртите назад?

Кои хороскопски знаци најчесто им се враќаат на бившите?

Рак

Од мигот кога ќе сфатите дека се вљубувате во некого, вие почнувате да си ја замислувате заедничката иднина.

Секогаш кога сте вљубени, сигурни сте дека ќе бидете со таа личност засекогаш, па ако дојде до раскинување, навистина ви е тешко да се помирите со тоа.

А, бидејќи секогаш сакате да го гледате најдоброто кај другите, дури и кај поранешниот партнер што ве повредил, подготвени сте да му дадете втора, трета и многу други шанси.

Штом бившиот ќе изрази желба да ја обновите врската, вие го пречекувате со раширени раце и убедени сте дека овојпат нештата ќе бидат многу подобри.

Риби

Вие сте чувствителна личност која ги чувствува емоциите со огромен интензитет. Кога сте вљубени, љубите со целото ваше битие, но кога ќе дојде крајот на врската, со истиот интензитет ги чувствувате и негативните емоции.

Сепак, и во овие мигови настојувате да се фокусирате на убавите аспекти од врската и набрзо ги заборавате лошите нешта.

Всушност, без разлика колку трауматично било раскинувањето, вие се потсетувате на поранешниот партнер со доза носталгија.

Па, ако ви побара втора шанса, заборавате на сите лоши работи и без двоумење му ја давате и се надевате дека повторно ќе имате можност повторно да ги доживеете убавите мигови од минатото.

Вага

Толку многу сакате да го гледате доброто во другите, што речиси веднаш заборавате ако некој ве повредил.

Неретко кога сте во врска, вие вложувате буквално сè, а бидејќи не се чувствувате најпријатно кога сте сингл, подготвени сте да се справите и со проблематичен партнер.

Бидејќи мирот и хармонијата ви се особено важни, секогаш ги избегнувате конфликтите, а кога ќе дојде до раскинување ви се чини дека ви се руши целиот свет.

Поради ова, но и настојувањето да го гледате најдоброто кај другите, ако поранешниот партнер побара да ви се врати, нема да се двоумите да му дадете втора шанса.

Сепак, вториот пат ќе бидете многу повнимателни и детално ќе ги анализирате старите проблеми и грешки со цел да најдете решение, но и да не ги повторите.

Бик

Вам ви треба време за да се вљубите, па кога конечно ќе се случи тоа, очекувате засекогаш да бидете со партнерот.

Штом ќе почнете да се чувствувате удобно во врската, нема да сакате никаква промена.

Сепак, ако дојде до раскинување, ситуацијата ќе ви изгледа премногу хаотично и нема да знаете што да правите.

Поради ова, дури и ако партнерот многу ве повредил, ако ви побара уште една шанса, ќе му ја дадете.

Вие сметате дека е многу подобро да пробате да ги решите проблемите со стариот партнер, отколку да почнувате од нула со некој друг.

Девица

На почетокот од врската можеби ви е тешко да се отворите и да се поврзете со партнерот, ама откако ќе се вљубите, вложувате многу во врската.

Ако партнерот ви раскине, вам ви е тешко да го прифатите тоа и постојано ќе ги анализирате вашите постапки со цел да сфатите каде сте погрешиле.

Па, ако поранешниот партнер ви пријде и побара втора шанса, најверојатно ќе му ја дадете, но и ќе се осигурите дека нема да ги повторите грешките од минатото.

Скорпија

Иако вам ви е лесно да го напуштите партнерот кој ве повредил, обично давате втори шанси ако бившиот не направил нешто што не би можеле да му го простите.

Кога сте вљубени, вашите чувства кон партнерот се навистина интензивни, па ако бившиот посака да ви се врати, ќе сакате да ја обновите врската поради тие чувства.

Исто така, некогаш причина за смирување со поранешен партнер може да биде и љубомора.

Ако некој поранешен партнер почне нова врска пред вас, голема е веројатноста вие да му пријдете на друг поранешен партнер само како одмазда. Дури и ако знаете дека тој не е вистинскиот за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg