Мажите родени во еден хороскопски знак се склони на развод - кој е тој?
Бракот е една од најголемите авантури кои луѓето ја доживуваат во животот, но иако сите бракови започнуваат со најдобра намера, често се случува партнерот да не му го пружи на другиот она што го очекувал.
Судејќи според хороскопот, мажите родени во знакот на Водолија најчесто се решаваат да го растурат бракот.
Причината не лежи во нивната желба за неверство, туку за слобода и самостојност.
Пријателството и љубовта на Водолиите им се подеднакво важни, па не сакаат кога треба да бираат помеѓу нив.
Честопати уште на почеток тешко се одлучуваат за брак, не се претерано страствени и не сакаат да се предадат до крај. Очекуваат од партнерот да им угодува и да мислат на нивниот начин.
Толерантни се до одредена граница, но ако им е попречена слободата, мажите родени во знакот на Водолија не мислат двапати пред да предложат развод.
М. Д. | Црнобело