Љубовен хороскоп за февруари 2021: Близнаците ќе ја сретнат сродната душа, Стрелците во искушение да му се вратат на бившиот

Што ќе ви донесе вториот месец од годината на поле љубов? Кој ќе ги надмине проблемите во врската, а кој ќе нема многу време за партнерот и семејството? Кој ќе почне врска што ја очекува светла иднина, а кој ќе му даде втора шанса на бившиот?

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2021-bliznacite-kje-ja-sretnat-srodnata-dusha-strelcite-vo-iskushenie-da-mu-se-vratat-na-bivshiot-01.jpg

Месецот на љубовта ќе донесе многу предизвици, но и можности за остварување на заедничките планови. Некои ги очекуваат многу љубовни авантури, а некои конечно ќе ја сретнат личноста што ја чекале долго време.

Погледнете какви изненадувања ќе ви приреди февруари на поле љубов:

Овен

Ако сте во врска

Во првата половина од февруари ќе ја зајакнете емотивната поврзаност со партнерот, а ќе внесете и нешто ново во врската. Можни се мали несогласувања во врска со финансиите, но со отворен разговор лесно ќе најдете решение. Во втората половина од месецот веројатно ќе се појави љубомора, но и ова е проблем што лесно ќе го надминете. Генерално, и вие и партнерот ќе бидете среќни и задоволни од вашиот однос.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ве очекува средба со личност која е многу поразлична од вашите досегашни партнери, но која ќе ве освои со својата оригиналност. Ќе се запознаете преку заеднички пријатели и набрзо ќе сфатите дека имате многу заедничка нешта. Само, немојте да брзате со одлуките и не започнувајте врска ако не се чувствувате подготвени за тоа.

Бик

Ако сте во врска

Во првата недела од февруари ќе имате одлична можност да остварите некоја заедничка цел со партнерот. Двајцата ќе си ја дадете потребната поддршка и лесно ќе се справувате со недоразбирањата. Кон средината на месецот можни се мали проблеми, но нема да им дозволите да го нарушат вашиот мир. На крајот од месецот нештата ќе бидат одлични, а можно е да отидете и на викенд патување што ќе ја зајакне вашата врска.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот љубовниот живот ќе ви биде монотон, бидејќи најчесто ќе сретнувате луѓе кои не преземаат иницијатива. Кон средината на месецот ве очекува средба со личност која веднаш ќе ве освои со нејзиниот оптимизам. Можно е да почнете врска која на почетокот ќе биде исполнета со многу страст, но и проблеми. До крајот на месецот ќе сфатите дали вреди да продолжите со оваа личност.

Близнаци

Ако сте во врска

Ќе имате многу идеи за тоа како да го подобрите односот со партнерот, па осигурете се дека ќе реализирате некоја од нив. Ќе разговарате за вашите заеднички планови, особено за оние што ги одложувате подолго време. Во текот на целиот месец, и вие, и партнерот, отворено ќе ја изјавувате вашата љубов и вистински ќе уживате во заедничките мигови.

Ако сте слободни

Февруари ќе ви донесе можност да запознаете личност која ќе веднаш ќе ве освои, и тоа не само поради изгледот, туку и добрината и заедничките интереси. Меѓу вас брзо ќе се родат емоции, па најверојатно и двајцата ќе сакате да започнете врска. Ќе сфатите дека комуникацијата со оваа личност ви оди одлично, па на врската ѝ претстои добра иднина.

Рак

Ако сте во врска

Вашата врска станува постабилна, само месецов не заборавајте да му ја дадете на партнерот потребната поддршка. Помогнете му со некои обврски, особено кога станува збор за неговото семејство. Во втората половина од месецот можно е да го заладите односот, најмногу поради вашиот пристап кон некој проблем. Обидете се да покажете повеќе разбирање ако сакате да им ставите крај на конфликтите.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе запознаете амбициозна и дружељубива личност и голема е веројатноста веднаш да се вљубите. Најверојатно ќе започнете и врска, но набрзо ќе почнат да ви пречат наглите промени во расположението на новиот партнер. Затоа, добро размислете дали ова е вистинската личност за вас.

Лав

Ако сте во врска

Во февруари ќе реализирате многу заеднички планови со партнерот, а ова ќе го продлабочи вашиот однос. Ќе успеете да ја подобрите комуникацијата во врската и ќе му ја дадете потребната поддршка на партнерот. Овој месец ќе успеете да ги решите и проблемите што ги избегнувате долго време, а ова ќе ја направи вашата врска многу постабилна.

Ако сте слободни

Ќе имате неколку можности за почнување врска, бидејќи многу луѓе ќе покажат интерес за вас. Сепак, вам ќе ви се допаѓа само една личност, најмногу поради нејзината искреност, а најдоброто е што и таа ќе покаже интерес за вас. Кон крајот на месецот можно е да добиете порака или повик од некој бивш партнер, но добро размислете дали вреди да му дадете уште една шанса.

Девица

Ако сте во врска

Цел месец ќе ви биде исполнет со прекрасни мигови со партнерот. Ве очекуваат среќни моменти, исполнети со смеа и страст, а добро би било ако најдете време за кратко викенд патување. Овој февруари ќе имате и можност да реализирате некоја заедничка цел, која сте морале да ја одложите неколкупати.

Ако сте слободни

Овој месец ќе запознаете интересна личност преку вашите пријатели, која ќе биде одличен кандидат за сериозна врска. Најмногу ќе бидете привлечени од отвореноста на оваа личност, но и огромната поддршка што ќе ви ја дава уште на почетокот. До крајот на месецот најверојатно ќе почнете врска на која ѝ претстои светла иднина.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg