Љубовен хороскоп за февруари 2021: Близнаците ќе ја сретнат сродната душа, Стрелците во искушение да му се вратат на бившиот
Вага
Ако сте во врска
Ќе најдете ново заедничко хоби со партнерот, а ова ќе биде вистинско освежување на врската. И двајцата ќе бидете поотворени и со тоа ќе го продлабочите вашиот однос. Втората половина од месецот ќе биде исполнета со страсти, но и повремена љубомора од страна на партнерот. За да избегнете сериозен конфликт, најдобро разговарајте за ова.
Ако сте слободни
Во февруари ќе запознаете личност која отворено ќе го покаже нејзиниот интерес за вас. Кон средината на месецот ќе имате уште неколку додворувачи, а вие ќе ја изберете личноста која со својата оригиналност најмногу се разликува од другите. Ова ќе биде личност покрај која ќе се чувствувате опуштено и удобно во своја кожа.
Скорпија
Ако сте во врска
На почетокот од месецот ве очекуваат проблеми, бидејќи и вие и партнерот ќе се обидувате да го наметнувате вашето мислење. И двајцата ќе покажете желба за доминација, а ниту вам, ниту на партнерот нема да му се допаѓа тоа. Кон средината на месецот подобро ќе ги разбирате потребите на партнерот и ќе имате можност да ги решите проблемите од претходните недела-две.
Ако сте слободни
Во првата половина од февруари ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне и која ќе ви покаже дека не е заинтересирана само за авантури. Ова ќе ви годи, бидејќи ви треба личност на која можете да ѝ верувате и на која можете да се потпрете. Најверојатно ќе започнете врска, а единствен проблем ќе биде затвореноста на новиот партнер.
Стрелец
Ако сте во врска
На почетокот од февруари конечно ќе најдете решение за проблемите кои го нарушуваа односот со партнерот. Комуникацијата во врската ќе биде многу подобра, ќе водите многу корисни разговори и отворено ќе зборувате за вашите потреби. Во втората половина од месецот ќе налетате на посериозен проблем, но со малку трпение и разбирање, ќе се ослободите и од него.
Ако сте слободни
Љубовниот живот во февруари ќе биде навистина забавен и ќе запознаете многу интересни личности кои ќе покажат интерес за вас. Само, бидете внимателни – ќе бидете во искушение да го контактирате бившиот партнер, но и да барате личност слична на него. Подобро би било да го заборавите бившиот, но и да не избрзувате со почнување врска со некој нов.
Јарец
Ако сте во врска
На почетокот од месецот ќе разговарате за заедничките интереси со партнерот, а ова ќе ве инспирира да најдете ново хоби. Ќе станете свесни за некои квалитети на партнерот кои досега сте ги игнорирале, па вашите чувства кон него ќе станат многу посилни. Втората половина од месецот ќе биде малку стресна поради малите несогласувања, но лесно ќе најдете решение.
Ако сте слободни
Ќе бидете привлечени од личност која е искрена и стабилна, малку „ладна“, но полна со поддршка и разбирање за вас. На почетокот само ќе разговарате, но во втората половина од месецот, кога подобро ќе се запознаете, и двајцата ќе покажете интерес за нешто повеќе. Ако почнете врска со оваа личност, ве очекуваат многу моменти исполнети со љубов и страст.
Водолија
Почетокот од месецот ќе ви донесе напнатост во врската, најмногу поради домашните обврски. И вие и партнерот ќе бидете презафатени на работа, па ќе немате многу време за домот и семејството. Но, нештата ќе се подобрат кон средината на февруари – партнерот ќе ви покаже повеќе разбирање, а вие ќе ги исполните вашите ветувања.
Ако сте слободни
Ќе почне да ви се допаѓа личност која ја имате видено неколкупати, но сте немале можност да ја запознаете. Среќата ќе биде на ваша страна, бидејќи оваа личност ќе ви пријде вам. Ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта и ќе уживате во разговорите со неа, па голема е веројатноста до крајот на месецот да почнете и врска.
Риби
Ако сте во врска
На почетокот од месецот ќе им се посветите на проблемите во врската и ќе дадете сè од себе за да најдете решение. Поради ова, можно е атмосферата во домот да биде напната, но бидете трпеливи – до средината на февруари нештата ќе се подобрат. До крајот на месецот ќе го зајакнете вашиот однос и, уште поважно, конечно ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот.
Ако сте слободни
На почетокот на месецот ве очекува средба со бившиот партнер. Средбата ќе биде пријатна, па ќе продолжите да комуницирате, а до средината на месецот ќе почнете да размислувате да ѝ дадете уште една шанса на врската. И двајцата ќе сфатите дека проблемите поради кои сте раскинале сепак се решливи, па најверојатно ќе ја обновите врската.
Спирова С. | Црнобело