Женски хороскоп: Дали дозволувате да ве манипулираат во љубовните врски?

Дали сте од оние „сè за љубов“ жени, кои често се мета на манипулација или пак сте од оние студените, кои градат ѕид околу своето срце и се штитат од манипулација?

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-01.jpeg

Постојат многу ситуации во животот во кои може да бидете изманипулирани. И љубовните врски се една од сферите каде, за жал, се случуваат манипулации.

Жените често комплетно го предаваат срцето во вакви ситуации, па на крај неретко завршуваат разочарани.

Жените во некои хороскопски знаци се имуни на манипулација, но во други пак се лесна мета:

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-02.jpeg

Жените во знакот Овен најчесто се агресивни, па не можете да ги изманипулирате. Тие се зафатени со своите желби, потреби и соништа и не паѓаат под влијание на манипулативен партнер. Знаат што сакаат, интензивно целат кон тоа, активни се и не дозволуваат ништо да ги сопре.

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-03.jpeg

Жените во знакот Бик се тврдоглави, но сепак тоа не спречува да бидат изманипулирани. Стабилни се и не може лесно да бидат променети. Не се многу брзи, но сепак нивната одлучност на крајот ги носи до дестинацијата.

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-04.jpeg

Жените во знакот Близнаци многу лесно може да бидат изманипулирани, но тоа е поради тоа што на некој начин го дозволуваат тоа затоа што се заинтересирани да видат какво е искуството кога некој манипулира со вас. Од друга страна, на моменти се луди, ексцентрични и кршливи, па понекогаш не ни сфаќаат дека се цел на манипулација.

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-05.jpeg

Дали ќе ја манипулирате или не жената во знак Рак комплетно зависи од нејзиното расположение. Во најголемиот дел од времето таа е таа што манипулира со другите. Но, ова може да биде опасно за жените родени во овој знак затоа што нивните чувства може да се испречат на патот на нивната игра.

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-06.jpeg

Жените во знакот Лав се свесни за тоа што ги опкружува постојано. Внимателно ја набљудуваат околината и знаат знаците и енергиите да ги проценуваат внимателно. Страстни се и енергични и не можете ниту да ги врзете, ниту да ги манипулирате, ако тие не го сакаат тоа.

zenski-horoskop-dali-dozvoluvate-da-ve-manipuliraat-vo-ljubovnite-vrski-07.jpeg

Жените во знакот Девица се свесни за случувањата околу нив. Тие одлично знаат да одиграат одредени улоги и може да бидат изманипулирани само ако тие дозволат.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg