Женски хороскоп: Дали дозволувате да ве манипулираат во љубовните врски?
Жените во знакот Вага се најдобри во балансирањето. Може да бидат манипулирани само ако универзумот така „сака“. Таа би дозволила да биде изманипулирана само за да го задржи балансот во светот или нејзиниот живот. Неодлучна е и токму тоа ја прави ранлива на моменти.
Жените во знакот Скорпија тешко можете да ги скршите емоционално. Тие речиси никого не пуштаат блиску до нивното срце. Градат ѕид околу нив за да избегнат емоционални катастрофи и така се спасуваат од манипулации.
Жените во знакот Стрелец не сакаат луѓето да знаат дека со нив е лесно да се манипулира и сакаат да оддадат слика пред светот дека тие не се водени од емоциите. Сакаат да го убедат светот дека се силни, но всушност тие се подготвени на речиси сè за да пронајдат вистинска љубов, која ќе ги мотивира во животот.
Жените во знакот Јарец се познати по тоа што знаат да приредат студен туш. Тие сакаат да градат граници за негативните енергии да не допрат до нив. Да се обидувате да ги изманипулирате е вистинско губење на време. Ништо не може да им застане на патот до тоа да ги изреализираат своите потреби.
Жените во знакот Водолија како цело време да бараат место на кое не припаѓаат и се трудат да се прилагодат на него и да го направат свое. Тие се сигурни околу тоа што сакаат во животот и да бидат манипулирани не е дел од нивниот план.
Жените во знакот отворено ќе ви признаат дека е лесно да се манипулира со нив. Тие не се плашат да ги покажат своите слабости, затоа што свесни се и за своите силни страни. Со нив мора трпение. Тие сакаат промени, а манипулацијата е само еден чекор од нивниот процес на трансформација.
С. С. | Црнобело