Јарците мразат глумa, Девиците површни партнери: Зошто раскинува секој знак?
Сите имаат свои лични мотиви за ставање точка на љубовната врска. Овој пат, ви ги откриваме особините што најмногу го нервираат секој знак од Зодијакот.
Според астролозите, ова се причините поради кои несомнено би ве оставиле дванаесетте хороскопски знаци:
Овен
Неенергичност. Постојат луѓе кои целиот ден би го поминале во кревет, гледајќи филмови или серии. Но, доколку таквите личности се најдат во врска со Овен, проблемите им се неизбежни. Овните не поднесуваат безделничење, а овој тип на однесување го сметаат за изгубено време.
Бик
Нестрпливост. Биковите се темелни, па сакаат да си одвојат време за донесување на одлуките. Доколку ги брзате и имаат чувство дека се под притисок, вие ќе бидете првото нешто кое ќе го отстранат од равенката.
Близнаци
Некомуникативност. Слабата комуникација е проблем за секоја врска, но во односот со луѓе родени во знакот на Близнаци, едноставно е недопустлива. За нив, недостастокот на комуникација, воедно е и недостаток на љубов.
Рак
Бесчувствителност. Познати како големи емотивци, Раковите не поднесуваат да бидат со некој што не покажува доволно чувства или сочувства кон другата страна. Чувствата им се храна, а ако се гладни за она што им е најважно, тие ќе си заминат без премногу размислување.
Лав
Незаинтересираност за изгледот. Лавовите не се површни, но сакаат да изгледаат дотерано. Доколку се во врска со личност која потполно го занемарува изгледот, нивната љубов нема долго да потрае.
Девица
Површност. Ако немате способност за водење длабоки и комплексни разговори, а единствените интереси ви се гледањето телевизија и трошењето пари, нема долго време да издржите во врска со една Девица.