Јарците мразат глумa, Девиците површни партнери: Зошто раскинува секој знак?
Вага
Агресивност. Вагите ги избегнуваат конфликтите по секоја цена. Затоа, доколку се со некој што континуирано ги бара или предизвикува во врската, сигурно е дека ќе побараат далеку посмирен и помирољубив партнер.
Скорпија
Недоверливост. Ако на Скорпијата ѝ ветите дека нешто ќе направите, а потоа не го сторите истото, ќе ја изгубите нејзината доверба. А, после неколку неисполнети ветувања, ќе ја загубите и нејзе.
Стрелец
Несигурност. Стрелците се самоуверени и мошне сигурни во себе. За партнер посакуваат некој што е сличен на нив, а брзо го губат интересот за сите други, кои не ги поседуваат споменатите карактерни особини.
Јарец
Преправање. Глумењето нешто кое реално не сте вие, нема да пројде добро кај повеќето хороскопски знаци. Но, никој нема да го прифати толку сериозно колку Јарецот. Кога ќе сфати што точно правите, ќе посака да се ослободи од вас уште веднаш.
Водолија
Недостаток на толеранција. Водолиите се отворени и полни со разбирање, а на другите им допуштаат да живеат онака како што тие сакаат. Поради тоа, ќе ви се замерат на секој обид да ги оценувате нештата како погрешни, само бидејќи вам лично не ви се допаѓаат.
Риби
Злобност. Никој не сака лоши луѓе, но Рибите уште на првиот знак за злобно однесување ќе отпливаат во друга насока.
М. А. | Црнобело