Еден хороскопски знак со кој љубовната врска никогаш нема да успее
Пред да решите да се впуштите во врска која посакувате да биде сериозно, можеби добро е да се посоветувате со ѕвездите, односно да проверите што тие имаат испланирано за вас.
Па, со кој хороскопски знак не треба да се мачите да бидете во врска?
Овен
Не вреди да бидете во врска со: Јарец
Овните сакаат да ги кршат правилата, а Јарците сакаат да ги креираат. Па, постојано ќе чувствувате како да сте критикувани за вашиот стил на живеење и заради фактот што сте бунтовни по природа. Спонтаноста е проблем меѓу вас. Јарецот не може да излезе ниту на вечера без резервација, а вие не сакате да планирате. И двајцата сте работохолици, ама Јарецот е како во брак со својата работа, па нема да го добивате вниманието кое го барате.
Бик
Не вреди да бидете во врска со: Водолија
Не се мачете ниту да направите пресметка во глава. Иако вие сакате да се водите од правилата и традициите, Водолијата ќе ви изгледа како робот на батерии. Во врска вие сте топли, романтични, сакате винтиџ шампањ и француски чоколади, а Водолија оперира по некој збунувачки парадокс на логиката и бунтовништво. Можеби ќе бидете добри во кревет, ама ништо понатаму.
Близнаци
Не вреди да бидете во врска со: Скорпија
Заводничките игри кои ги игра Скорпијата, испраќањето на секси пораки, флертувањето на Snapchat... Сето тоа дефинитивно ќе ви го привлече вниманието, ама работите ќе станат тешки кога ќе почне сериозната врска. Вие мислите дека станува збор само за флерт и сакате да проверите на што сте, а Скорпијата бара моногамија и сериозност дури и пред да се бакнете. Ако се решите на врска со нив очекувајте да потпаднете под нивната манипулативна природа и да бидете незадоволни.
Рак
Не вреди да бидете во врска со: Стрелец
Дивиот Стрелец во вашиот живот ќе дојде како торнадо и понекогаш тоа е тоа што ви треба за да излезете од вашата школка, ама не можете да се возите на тој луд бран до крајот на животот. По природа сте нежни и чувствителни, па врската со Стрелецот ќе прави постојано да бидете под притисок и да бидете анксиозни. Дневниот социјален распоред на Стрелецот ќе ве збудали, а вие сте само во потрага по топол и мирен дом.
Лав
Не вреди да бидете во врска со: Риби
Мирните, мистериозни Риби кои се секогаш расположени за фантазирање, брзо ќе ве заведат и маѓепсаат. Тие ќе бидат чудниот партнер кој е секогаш расположен да живее во вашиот замислен свет. Едноставно ќе можете да се изгубите во времето и да останувате со денови до зори. Ама набрзо потоа ќе сфатите дека под таа мистика се крие личност која брзо го менува расположението и е почесто депресивна. А, вие сето тоа ќе си го земате при срце, ќе мислите дека е до вас. Оваа врска дефинитивно ќе ве остави збунети и ранливи.
Девица
Не вреди да бидете во врска со: Вага
Конечно, некој кој може да го цени вашиот рафиниран вкус и кој може да ви возврати со подеднакво добри предлози. Првите неколку состаноци ќе бидат магични, ако успеете да ги договорите. Вие сакате конечни, сигурни работи, а Вагата ќе ви вели: „можеби...“. Пред да можете да се посветите вие ќе сакате да знаете дали врската има иднина, а Вагите едвај можат да го одржат ветувањето за една вечера. На крајот само вашето трпение ќе си замине.
Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...