Еден хороскопски знак со кој љубовната врска никогаш нема да успее
Вага
Не вреди да бидете во врска со: Девица
Начитаната Девица со високи културни вредности на почетокот ќе ви делува како одличен избор. Имате слични вкусови и уживате во слични работи во животот. Но, Девицата е на мисија за подобрување на себеси и личен развој, а вие сакате светот да го гледате низ порозови очила. Ќе чувствувате како некој постојано да ве брза, да ве тера на акција, а нема да бидете поштедени ниту од коментари како да се подобрите себеси. А, штом почнат критиките, брзо ќе го изгубите и сексуалниот нагон.
Скорпија
Не вреди да бидете во врска со: Близнаци
Ќе бидете беспомошно маѓепсани од начинот на кој живеат Близнаците, а неможноста да допрете до нив и да ги смирите, дури и сè повеќе ќе ве возбудува. Ама, само на почетокот. Потоа, Близнакот ќе успее да го извлече најлошото од вас. Ќе ве натера постојано да си го проверувате телефонот, да бидете опсесивни, а нивното расположение за постојано флертување ќе ве направи „љубоморна будала“. Едноставно нема тука иднина.
Стрелец
Не вреди да бидете во врска со: Рак
Раковите со својата природа се идеални луѓе со кои би сакале цело време да се дружите, ама и да ги оставите во зоната на пријатели. Во љубовта знаат да бидат цинични, брзо да го менуваат расположението, да станат зависни и неконтролирани. Ракот ќе планира свадба и деца после третиот состанок, а по некое време, нивната сентименталност може и да предизвика рефлекс на повраќање кај вас. Едноставно... нема да можете долго да издржите со Ракот.
Јарец
Не вреди да бидете во врска со: Овен
Овенот како знак е дете, а вие сте возрасни. Динамиката уште од самиот почеток не одговара, освен ако не сте во потрага по тоа да изигрувате нечиј родител. Но, таквата врска брзо може да се претвори во зависност и ништо повеќе. И покрај тоа што и двајцата сте расположени за успех, напредок и заработка, повторно работите нема совршено да се вклопат како во сложувалка.
Водолија
Не вреди да бидете во врска со: Бик
Колку и да се воодушевувате на романтичноста на Бикот, на крајот, заради нивниот романтичен интензитет ќе останете без зборови. Нема да можете да разберете зошто некој постојано има потреба да ги слушне зборовите „Те сакам“ во секоја порака која му ја праќате и со секое ново слушање. Плус, нивниот нагон за хедонистичко уживање ќе биде тотална спротивност на вашата хумана природа. Вредностите едноставно сакале или не, ви се судруваат.
Риби
Не вреди да бидете во врска со: Лав
На почетокот ќе биде зашеметени од галантните романтични гестови и магичното витештво на Лавот. Ќе бидете способни да се договорите само на една пијачка, а да останете на маратонски состанок од 48 часа. Но, која е личноста која успеа толку брзо да ве маѓепса? Вие сакате да одите во длабочина, а Лавот сака да остане на површината, да се држи до флертот и фините комплименти. Тој едноставно ќе биде премногу горд да ги сподели емоциите со вас и тоа ужасно ќе ве фрустрира.
Н. Г. | Црнобело