Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање?
Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа прави честопати да бидат незадоволни со себе и да не можат да продолжат понатаму ...
Секој човек има недостатоци, но многу е важно да бидете свесни за истите и да се обидете да ги коригирате.
Токму таквите недостатоци многу често во животот може да ви бидат еден вид кочница, па нема да можете да живеете во сегашниот миг и да го искористите максимумот што ви го дава секојдневието.
Според месецот на раѓање, издвоена една ваша карактеристика со која несвесно си го уништувате животот и не можете да продолжите понатаму:
Јануари – дозволувате да ве кочи стравот
Кога дозволувате стравот да ве спречи во вашите намери, го пропуштате најубавиот дел од животот.
Страшно е да направите чекор кон нешто што не го знаете, страшно е да излезете од комфорната зона. Но, она што повеќе треба да ве плаши е рутината и престојот на место каде што не растете и не учите.
Февруари – живеете во минатото
Кога погледнувате наназад, секогаш сте во депресија.
Го споредувате минатото со сегашноста, што нема да ја цените додека не стане минато.
Тоа е циклус, но, ако научите да го цените секој ден што го имате, ќе почнете да живеете поубаво, токму денес.
Март – избирате луѓе кои не се добри за вас
Го гледате најдоброто во секого и мислите дека секој има добри намери и тука понекогаш грешите.
Наместо да се прашувате зошто истото ви се случува со различни луѓе, прво погледнете на типот на личности што ги одбирате.
Април – вие сте свој најголем непријател и критичар
Добро е да бидете строги кон себе и да се сметате одговорни за своите грешки, но, не треба да се стремите кон совршенство.
Покритични сте кон себе отколку што треба.
Не си простувате лесно, а треба да научите дека сите имаме недостатоци, па дури и оние маани што не ги сакате кај себе, некој ќе ги засака и прифати.
Мај – не се ставате себеси како приоритет
Вие мразите да ги разочарувате другите и најчесто на сè велите „Да“.
Но, важно е себеси да се ставите како приоритет.
Тоа не е себично, туку суштинско за вашата среќа и благосостојба.
Јуни – ги намалувате стандардите
Вие ги прифаќате работите онака како што се и ги намалувате своите стандарди во одредени делови од животот, сакајќи да не бидете разочарани или изневерени.
Но, на овој начин не живеете во целост.