Вистини кои морате да ги знаете ако сте заљубени во Водолија
Да ја препознаете типичната Водолија воопшто не е тешко, бидејќи нејзината различност е многу воочлива. Таа има волја да ги менува работите, да го менува животот, а често е носител и на новите епохи.
Со својот начин на размислување, животна филозофија и идеи, таа е креатор на сопствениот живот.
Луѓето од овој хороскопски знак го чувствуваат надоаѓањето на времето и токму заради тоа, тие ги пласираат новите трендови, новата технологија, начин на комуницирање...
Водолиите имаат дух на заедништво и затоа се пријателски настроени и имаат потреба да разменуваат идеи со целиот свет.
Водолиите сакаат нови идеи, луди идеи, непредвидливо однесување, промена на расположение. Кога сте заљубени во Водолија со нова идеја која обично е пред своето време, може за момент да се исплашите, ама ако ѝ дозволите да ја оствари својата идеја, нема да најдете посреќен човек од неа.
Фантазијата е клучен збор за секоја Водолија. А, љубовта и фантазијата одат заедно. Па, токму затоа, кога сте со Водолија можете да очекувате љубов како од соништата.
Најголем афродизијак за Водолиите е интелектот. Отвореноста, искреноста, комуникацијата и интелигенцијата се работи кои Водолиите најмногу ги сакаат кај партнерот.
Вие заљубените во Водолија бидете подготвени:
1. Да разговарате за сè и сешто, бидејќи Водолијата има широк спектар на интереси
2. Никогаш да не ја потцените нејзината интелигенција
3. Да ѝ бидете поддршка за сè
4. Да ѝ бидете извор за инспирација
5. Да учествувате во сите нејзини мисии
6. Да ја изненадувате барем од време на време
7. Заедничките бранови должини често да ви функционираат
8. Да ѝ дадете простор
9. Да не ѝ се лутите, ако заборави некој важен датум
10. Да не ја терате да престане да сонува
11. Да не ја критикувате, премногу
12. Да бидете горди што е единствена и различна
13. Да ѝ бидете најдобар/ра пријател/ка
14. Да не ја терате да ви припаѓа и онака веќе сте ѝ посебни
15. Да не ја притискате кон обврски
16. Да научите понекогаш да ѝ ја простувате тврдоглавоста
17. Да ја научите секогаш да гледа во вас со доверба, бидејќи наградата е голема
18. Да ги сакате нејзините пријатели
19. И да не заборавите дека Водолијата само изгледа оддалечена и студена, а има големо срце кое токму вас решила да ви го подари
Н. Г. | Црнобело