Какво колаче сте според хороскопот?
Ако некогаш сакате да дознаете колку сладок е вашиот живот, прочитајте го овој неодолив хороскоп составен од 12 различни колачиња. Ванила, чоколадо, карамела, кафе...
Какво колаче сте вие?
Овен: Колаче со лимон
Само вашата енергија и самодоверба се поклопуваат со колачето од лимон. Полни сте со вкус и одлучност. Никој не може да ви застане на патот кога нешто сте замислиле!
Бик: Колаче со морков
Пребирливи сте, со уникатен вкус и поглед кон нештата. Практични сте и работливи, па сакате кога ќе добиете награда за вашите добри особини. Знаете како да дадете поддршка, без никого да разочарате.
Близнаци: Двојно колаче
Имате две страни на вашата личност, но тие се одлично соединети во една. Полни сте со самодоверба и цврсти ставови. Сериозни сте и сакате кога ви ласкаат. Често се двоумите, па затоа сакате да седите на две столчиња.
Рак: Колаче со орев
Преемотивни сте, но не грижете се. Тоа и не е така лошо. Истовремено полни сте со сочувство и љубов. Можеби понекогаш делувате налудничаво, но сепак сите ве сакаат и почитуваат затоа што сте неодоливо нежни.
Лав: Колаче со тиква
Специфични, исто како и вкусот на ова колаче. Сакате кога сте единствени, недопирливи. Топли личности и дефинитивно најнеодоливиот хороскопски знак.
Девица: Колаче со мед и лаванда
Деликатни, исто како и виолетовото колаче. Нежни сте и сакате да им угодите на сите на кои можете. Понекогаш се исцрпувате затоа што сте престроги кон себе. Научете да седнете, да се релаксирате и да се почестите со нешто медено.
Какви колачиња се останатите 6 знаци, откријте на следната страна...