Какво колаче сте според хороскопот?
Вага: Какво колаче и да посакаат
Комуникативни, незапирливи, не можете да се одлучите само за едно колаче. Различни бои, големини и облици, сакате кога имате избор и можност за експериментирате. Шармантни сте и хармонични луѓе кои влеваат доверба во целиот свет.
Скорпија: Црвено, кадифено колаче
Скорпиите се смирени и страствени личности. Сакаат да испробуваат нови нешта и сакаат кога се единствени во работите. Црвеното колаче со кремаст фил е идеален избор затоа што ја открива нивната уникатност.
Стрелец: Колаче со кафе
Потполно идентични се со колачето со кафе - вечни филозофи и енергични. Можеби сте ветиле дека ќе се смирите, но и понатаму имате желба за нови авантури. Љубители сте на кафето и секој природен извор на енергија. Ја обожавате слободата!
Јарец: Колаче со ванила
Вие сте сериозни и едноставни. Полни сте со мудри мисли, подготвени да се соочите со секакви професионални или лични проблеми. Потполно исто како ванила колачето – доверливи, сигурни и вкусни.
Водолија: Колаче со чоколадо
Вашата силна, чоколадна енергија е она што ве истакнува како неодолива личност. Ја имате и срамежливата нота на ванилата, но никогаш не сте затворени и не играте на сигурната страна. Најдобро кажано, вие сакате од сè по малку!
Риби: Колаче со виножито
Вие ги прифаќате сите онакви какви што се. Исто како и тортичките со виножито, вие сте креативни и имате отворен ум. Го обожавате светот онаков каков што е, не запаѓате во депресијата на суровоста.