Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моден хороскоп: Овен

Кога станува збор за мода и за стил на облекување би рекле дека предводник е личноста родена во знакот на Овен. Тука станува збор за врвни трендсетерки, жени кои се во состојба да ги поставуваат модните трендови.Жените во овој знак се лесно препознатливи по добриот вкус, следењето на трендовите и храбро се носат со сè она што се појавува на модниот пазар.

moden-horoskop-oven-6

Жените родени во знакот на Овен се современи жени, беспрекорно сигурни во себе кои често знаат да изгледаат одлично и во машки комбинации. За нив совршени се панталоните или здолништата со висок струк, струкирана кошула, вртоглави потпетици и модерна кожна чанта. Ова е доволно за жената Овен да биде во преден план каде и да се појави, да шири сексапил и да сјае како ѕвезда на црвениот тепих.

Овие жени го сакаат вниманието кое го добиваат од околината, па затоа сакаат да привлечат внимание со силно црвени усни. Генерално нивна боја е црвената, ја сакаат и црната а одлично им прилега виолетовата. Ако овие дами облечат фустан, тој мора да биде удобен, од мек материјал, да има едноставен крој и да ја следи линијата на телото.

Гардеробата на жените во овој хороскопски знак е складна со нивната природа – предизвикувачка, а сепак едноставна. Сакаат квалитетен метален накит, огрлици, бразлетни, украси за коса, шешири, марами и сè останато што може квалитетно да го надополни нивниот изглед, но да е едноставно.

Модерни комбинации за девојките родени во овој знак:


moden-horoskop-oven-1

moden-horoskop-oven-2

moden-horoskop-oven-3

moden-horoskop-oven-4

moden-horoskop-oven-5

moden-horoskop-oven-7


Позната трендсетерка родена во овој знак:

moden-horoskop-oven-8

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg