Необични начини на кои хороскопските знаци го лекуваат скршеното срце (по раскинување)
Вага – Се изолираат и медитираат
По раскинување, Вагите најчесто бараат утеха во пријателите, или пак, се трудат да медитираат и да го смират умот барем на 20-тина минути.
Сфаќаат дека е најважно прво да почнат да се сакаат себе си и да се избалансираат, а љубовта од блиските и пријателите е вистински лек за нивното рането срце.
Скорпија – Ги изразуваат чувствата преку уметност
Иако може и да не се талентирани за уметност, Скорпиите ќе се обидат да ги нацртаат сопствените емоции додека чкрткаат на лист хартија.
За нив ваквото изразување делува како терапија, а на платно или на хартија успеваат да се ослободат од сите насобрани емоции.
Стрелец – Резервираат патувања
Кога ќе раскинат, на Стрелците им е важно да си докажат дека сè уште ја имаат контролата врз сопствениот живот, а тоа го постигнуваат така што собираат нови искуства.
Кога срцето им е скршено тие ако не се во можност да патуваат на далечни и егзотични дестинации, може да почнат да шетаат повеќе во околината на местото каде што живеат, да запознаваат нови луѓе и места со цел да го ослободат умот и да го задоволат својот авантуристички дух.
Јарец – Готват сè и сешто
Јарците мислат дека им е разнишана рамнотежата во секојдневието и затоа имаат потреба своите емоции да ги потрошат така што ќе бидат креативни во кујната.
Одеднаш стануваат експерти за голем број специјалитети од целиот свет, готват по цел ден, а веруваат дека со вкусната храна ќе успеат да го залекуваат срцето кое им крвави.
Водолија – Танцуваат додека не помине болката
Често може да се случи да се повлечат во себеси, а ако сакаат сами да си помогнат тогаш же танцуваат за да заборават.
Можно е да одлучат да земат часови по танц или да почнат да одат редовно во дискотеки и клубови каде што ќе може да се ослободат од насобраните негативни емоции.
Риби – Ќе создадат уметност од болката
Може да се случи да не сакаат да станат и постојано да спијат, а по некое време да одлучат да создадат уметност од сопствените емоции.
Рибите ќе ги искористат фотографиите и филмот за да покажат како се чувствуваат во моментот и со помош на уметноста ќе успеат да го излекуваат скршеното срце.
Б. С. Б. | Црнобело