Необични начини на кои хороскопските знаци го лекуваат скршеното срце (по раскинување)

Раковите ќе слушаат тажна музика за да се ослободат од тагата, а Рибите ќе направат филм…

neobichni-nachini-na-koi-horoskopskite-znaci-go-lekuvaat-skrshenoto-srce-po-raskinuvanje-01_copy.jpg

Понекогаш може да се случи раскинувањата силно да нè повредат иако не сме биле ниту сигурни дали сме вљубени во личноста со којашто сме во врска.

Според астролозите, секој хороскопски знак има по еден свој таен рецепт што може да му помогне да го излекува скршеното срце и да се врати брзо во топ форма по разделбата.

Кој е вашиот начин за да се справите со болката по раскинување? Прочитајте во продолжение:

Овен – Се повлекуваaт во себе

Темпераментните Овни може да ве изненадат кога по раскинување нагло ќе се повлечат во себе и ќе сакаат денот да го поминуваат осамени и без да прават нешто.

Често може да им се случи по цел ден да се излежуваат во кревет со ќеса чипс, па во еден миг да сфатат дека нешто не е во ред со нив.

Ќе им биде потребно подолго време за да станат, да се јават на некој пријател и да се вратат на својот брз и динамичен начин на живот.

Бик – Бараат активности со кои се чувствуваат приземно

За Биковите најважно е да останат приземни во секоја ситуација. Ним им е потребна стабилност во сите искуства и доживувања.

Затоа, кога се тажни, по раскинување, Биковите може да се свртат кон градинарство, грнчарство или кон готвење, со цел да останат фокусирани и да не им дозволат на емоциите да надвладеат.

Со текот на времето сфаќаат дека понекогаш е неопходно некои работи да се распаднат за да можете да напредувате.

Близнаци – Бараат нова интелектуална стимулација

Кога ве боли срцето, вие лекот го наоѓате во активностите што ќе ви помогнат да го активирате мозокот: партија шах, учење нов програмски јазик, или изучување нов странски јазик …

Вие спасот за секоја болка го наоѓате во желбите за нови знаења, и тоа ви помага да заборавите на скршеното срце и тагата.

Рак – Слушаат тажна музика со часови

Раковите кои се тажни заради раскинување, може да поминат цели денови во слушање на тажна романтична музика, која ги допира во срце и е одраз на нивните емоции.

Оние што се музички склони, може да свират на инструменти, а другите најверојатно низ солзи ќе ги пеат омилените рефрени за да си помогнат да се ослободат од насобраните емоции.

Велат дека музиката е лек за душата, па знаете дека со тек на време ќе успеете да се ослободите од насобраната тага.

Лав – Наоѓаат ново милениче

Лавовите се обидуваат да ја преболат старата љубов, наоѓајќи нова.

Но, најчесто тоа нема да биде друга личност која би можела да го повреди нивното его, туку најчесто утеха ќе побараат во ново милениче.

Ако не се во можност да вдомат миленик, многу е веројатно да почнат да се дружат со луѓе што веќе ги поседуваат и ќе направат сè за да ја почувствуваат безусловната љубов на животните.

Девица – Ќе направат сѐ за да покажат дека ништо не може да ги скрши

Вообичаено се тивки и повлечени, но кога им е скршено срцето може да ги видите како се качуваат на сцена и пеат караоке.

Кога срцето им е скршено, тие ќе направат сè за да покажат колку се храбри, па дури и ако не успеат да ја залекуваат болката, собираат смешни приказни што ќе може да ги споделат со следната личност што ќе се појави во нивниот живот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една причина зошто не можете да си ги остварите животните цели, според хороскопскиот знак Бикови, за вас е невозможно да преземете ризик и да ја напуштите вашата зона на ...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg