Како сами да си проверите дали долго време ќе бидете сингл, според наталната карта?
Според астролозите, на некои луѓе во ѕвездите и наталната карта им е запишано дека треба да останат сами засекогаш, или пак, ќе треба да чекаат долго да ја најдат вистинската личност за нив.
Наталната астрологија е комплексна наука, а за среќа на интернет постојат страници каде што можете со едноставно внесување на податоци да добиете готова натална карта, но потребно ви е некој да ви ја прочита.
За сами да ја направите наталната карта, можете да се послужите со алатките на порталот astro-seek.com.
Ако ве интересира што ви предвидуваат ѕвездите на поле љубов и дали тешко ќе ја најдете сродната душа, или никогаш нема да ја најдете, треба да обрнете внимание на неколку аспекти.
Кои се тие?
Ако подзнакот ви е во Рак или во Лав
Луѓето што се родени со подзнак во Лав или Рак, често подолго време се сами затоа што со нивната седма куќа (на бракот) владее планетата Сатурн, која укажува на тоа дека повеќе би сакале да бидaт сами отколку да си го трошaт времето на врски без иднина.
Тоа значи дека не трагате по врски без обврски и авантури, а вашата главна цел би била да го најдете вистинскиот партнер за вас, но подолго време тоа нема да ви оди од рака.
Токму заради тоа што Сатурн владее со седмата куќа, ќе треба да поминете низ голем број врски и да соберете голем број искуства пред да ја најдете личноста што вистински ви треба.
Најчесто тоа значи дека треба да извлечете поуки од грешките што ќе ги повторувате на љубовен план.
Пред да ја најдат вистинската личност оние што се родени со подзнак во Лав, честопати ќе бираат партнери што изгледаат добро, но не значи дека се добри за нив, а Раковите често ќе бираат партнери што им се потребни во некој миг, но брзо може да им го скршат срцето.
Ако не сте сигурни што сте во подзнак, тоа лесно може да го проверите со помош на калкулатор за подзнак или да погледнете кој знак се паѓа во првата куќа од наталната карта (бројот на куќите се гледа во средишниот круг и означени се со броеви од 1 до 12).
Сатурн во седмата куќа
Погледнете ја добро наталната карта што ја направивте на astro-seek.com и погледнете каде се наоѓа Сатурн, односно во која куќа е сместен.
Тој е означен со следниот симбол:
Ако тој е во вашата седма куќа, тоа значи дека долго ќе чекате додека да ја најдете вистинската личност.
Многу е веројатно и самите да се соочувате со страв од врски и поврзаност, или пак воопшто да не се опседнувате со љубовниот живот.
Оние што го имаат Сатурн во седмата куќа, најчесто се подготвени да чекаат долго, сѐ додека не ја најдат личноста што е нивната втора половина.
Негативен аспект меѓу Сатурн и Венера
Сaтурн е планетата на ограничувањата, одложувањата и кармичкиот долг, а Венера е планетата на љубовта и партнерството.
Затоа ако овие две планети имаат негативен аспект меѓу нив, тоа може да значи дека долго време ќе чекате за да ја најдете љубовта во животот (ако воопшто ја најдете).
За сами да откриете дали во вашата натална карта има негативен аспект меѓу овие две планети потребно е добро да го погледнете аголот што се формира меѓу нив.
Ако овие две планети формираат квадрат, односно ако формираат агол од 90° или ако формираат опозиција, односно агол од 180° тоа значи дека потрагата по вистинскиот партнер ќе биде отежната.
Можно е сами да бирате врски кои немаат иднина, а воопшто да не сакате да влегувате во долгорочни врски.
Дали тоа значи дека никогаш нема да ја најдете љубовта?
Астрологијата е одлична за да ви даде увид каде грешите, а понекогаш и да сфатите на кои аспекти треба особено да внимавате.
Ако веќе знаете дека ќе ви биде потребно подолго време за да ја најдете вистинската личност, тоа може да ви укаже да не го трошите времето на врски без иднина.
Запомнете дека овие три аспекти сами по себе не можат да ви ја дадат целосната слика, и затоа е потребно и да се консултирате со натален астролог.
А добрата вест е што тие најчесто значат дека ако еднаш ја најдете вистинската љубов, тоа значи дека ќе биде вистинската за вас.
Б. С. Б. | Црнобело