Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак

najloshite-karakteristiki-na-sekoja-majka-spored-horoskopskiot-znak-04_copy.jpg

Вага

И Вагите често пробуваат да манипулираат со луѓето околу нив, па додека се децата помали, со лаги и измама се обидуваат да добијат нешто од нив.

Но, кога децата ќе ја откријат манипулацијата, се чувствуваат повредени, изневерени, дури и безвредни - а сето тоа поради однесувањето на нивната мајка.

Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го смени мислењето.

Дополнително, Вагите се и мрзеливи, па тоа не ги прави идеални мајки.

Скорпија

Скорпиите постојано бараат начини да се постават над сите останати и лесно се лутат ако не се сложите со нивниот план или мислење.

Па, ако детето им противречи, стануваат намуртени, а понекогаш не му кажуваат ни зошто му се лутат.

Таинствени се, поради што ретко кога искрено кажуваат сè што мислат. Но имаат и „краток фитиљ“ и лесно изабувнуваат.

Токму поради ова прават и нивните деца да не се секогаш отворени или да се служат со лаги за да добијат нешто (или да се извлечат од некоја ситуација).

Стрелец

Стрелците не се многу трпеливи, ни со другите луѓе, ни со сопствените деца.

Тие се плашат од обврски, па поради тоа, многу често се тргаат на страна и оставаат децата сами да си го наоѓаат сопствениот животен пат.

Според астролозите, мајките Стрелци се едни од најнеодговорните во хороскопот.

Јарец

Мајките Јарци секогаш бараат од своите деца повеќе од она што децата сакаат да го направат (или се способни да го направат).

Затоа ги туркаат во крајности, со надеж дека тие ќе учат повеќе, ќе бидат најдобри на работа, ќе заработат повеќе пари или ќе најдат подобар партнер.

Овие мајки не ги изразуваат лесно своите чувства, поради што децата често имаат впечаток дека мајка им не ги сака.

Водолија

Според астролозите, мајките Водолии се мрзеливи, нерационални, идеалисти, па на некои деца им е тешко да се поврзат со нив.

Тоа ги прави децата фрустрирани уште од најрана возраст.

Овие мајки треба да се трудат многу ако сакаат да создадат блиска врска со своите деца, бидејќи, тоа, едноставно не им е во крвта.

Риби

Рибите се емотивни и често туѓите проблеми ги прифаќаат како свои, што може да биде вистински товар за нив.

Ако не успеат да си ги реализираат соништата пред да станат мајки, тогаш стануваат меланхолични, тажни и неисполнети.

Ова чувство им ја „убива“ страста и со текот на времето децата повеќе ги гледаат како обврска, отколку како радост.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg