Што му е најтешко на секој хороскопски знак кога патува?

Раковите не сакаат да се оддалечени од нивниот дом и најблиските, а Лавовите мразат кога другите донесуваат одлуки наместо нив. Со кои потешкотии се соочуваат хороскопските знаци кога треба да патуваат?

Koj-del-od-patuvanjeto-vi-doagja-najteshko-spored-horoskopskiot-znak-i-kako-da-go-podobrite-toa-01.jpg

Скоро сите сакаме да патуваме, но не се справуваме со работите на ист начин. Некој сака однапред сè да му биде испланирано, други, пак, планираат во последен момент. Некои не сакаат да излезат од удобната зона, додека други жалат за блиските и семејниот дом кога се на пат.

Астролозите велат дека секој хороскопски знак реагира различно кога станува збор за патувањата и дека кај секого постојат различни работи кои им се тешки.

Што му е најтешко на секој хороскопски знак кога патува? И како да се справите со тоа?

Овен

Овни, кога патувате, вие сами ги правите сите планови, а кога работите се под ваша контрола, сè оди без проблем.

Неочекуваните одложувања во вашите планови за патување за вас се најфрустрирачкиот дел. Кога работите нема да се одвиваат според посакуваното, вие може да се чувствувате обесхрабрени.

Без разлика дали се соочувате со одложен лет или, едноставно, лошото време ќе ви ги смени плановите, поради секоја промена во вашите добро направени планови може да имате чувство како да ви е уништено целото патување.

Што да направите? Мудро искористете го дополнителното време додека го чекате летот, запознајте нови луѓе или читајте книга.

Вашата импулсивна природа може да ви помогне и при ненадејни промени, па зошто да не ја искористите можноста да направите нешто спонтано?

Бик

Бикови, најголемиот предизвик за вас може да биде излегувањето од комфорната зона. Вие ја сакате стабилноста и рутината, па приспособувањето на нова средина, култура или храна може да ви изгледа застрашувачко.

Сè ново што ви се случува, а е надвор од вашата зона на удобност, може да ви создава нервоза.

Што да направите? Ако излезете од вашата „рамка“ ќе имате нови можности за раст. Искористете го она што ви се нуди и можеби во целиот тој процес ќе откриете нешто ново.

Како што ќе ги подместувате вашите граници, така зоната на удобност ќе расте заедно со вас.

Близнаци

Близнаци, вашата склоност прекумерно да размислувате за работите е еден од најголемите предизвици со кои се соочувате при патувањето.

Чувствувате дека однапред да треба да го истражите секој детаљ од патувањето, но строгиот план може да ве натера да се чувствувате изгубено, на некој начин.

Што да направите? Не заборавајте да си ја штедите енергијата!

Не го пропуштајте да уживате во сегашниот момент затоа што претерано се грижите за она што доаѓа - во спротивно, вашето патување ќе заврши уште пред да започне.

shto-mu-e-najteshko-na-sekoj-horoskopski-znak-koga-patuva-03.jpg

Рак

Ракови, за вас најверојатно најголем проблем е тоа што ќе бидете оддалечени од вашиот дом и најблиските.

Вие ја цените емоционалната поврзаност, а вашите односи со другите се една од највредните работи во вашиот живот.

Можеби ќе имате длабоко чувство на носталгија, ќе ви биде тешко да се справите со емотивната приврзаност кон домот и семејството, па затоа понекогаш и ги избегнувате патувањата.

Што да направите? Најпрво размислете да почнете со мали кратки патувања за да се навикнете на идејата да бидете далеку од дома, а доколку сте во можност, патувајте заедно со омилените луѓе.

Лав

Лавови, за вас најголемите предизвици при патувањето е да дозволите другите да донесуваат одлуки наместо вас.

Како родени лидери, претпочитате да планирате сами своите патувања и да имате контрола врз целата маршрута.

Ова може да ви создаде тензии и конфликти, бидејќи другите ќе се чувствуваат игнорирани кога вие ќе се обидете да ја преземете одговорноста за сè.

Што да направите? Прифатете ја можноста да патувате со водич. Нема ништо лошо во тоа ако дозволите други да ве водат одвреме-навреме, а тогаш може да имате и нови искуства за кои никогаш порано не сте размислувале.

Девица

Девици, најтешкиот дел за вас можеби е да излезете од вратата. Вие сте одговорна личност, па најверојатно ќе ви биде тешко да одвоите време од вашиот напорен распоред за да одите на патување.

Можеби ќе ви биде тешко да ги пропуштите обврските и да ги промените плановите поради работата.

Што да направите? Поставете си крајни рокови и однапред завршете ги обврските, договорете се со вашите колеги околу работата, а ако морате, никој не ви брани да бидете и во повремен контакт со нив.

Не заборавајте дека треба и да уживате и да ги „наполните батериите“.

Продолжува на следната страница ... 



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg