Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора

Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се обиде повторно да ве освои, но нема да успее.

ljuboven-horoskop-za-januari-2024-bikovi-avantura-so-kolega-ovni-problemi-so-ljubomora-01.jpg

Што ве очекува во првиот месец од годината на љубовен план?

Дали ќе ги решите проблемите во врската или дополнително ќе го влошите односот?

Дали ќе ја освоите личноста што ви се допаѓа или, пак, можеби ќе ѝ се вратите на љубов од минатото?

Љубовен хороскоп за јануари 2024:

Овен

Ако сте во врска

Јануари нема да биде најдобар ако сте склони кон љубомора или имате превисоки очекувања од партнерот.

Ќе мора да прифатите дека партнерот треба да има своја приватност, како и дека треба да му покажете разбирање за некои работи.

Ќе се сомневате дека партнерот крие нешто, но пробајте да бидете разумни и не избрзувајте со заклучоци.

Ако сте слободни

Најголем проблем овој месец ќе ви биде нетрпеливоста.

Односно, можно е да сретнете личност што ќе ви се допадне, па дури и да ви се укаже можност да почнете врска.

Сепак, ќе настојувате да брзате, па можно е со тоа да ја оддалечите оваа личност од вас.

Бидете внимателни и трпеливи ако сакате да бидете среќни.

Бик

Ако сте во врска

Вашата нетрпеливост ќе му пречи на партнерот.

Доколку сте во брак, по секоја цена избегнувајте ги конфликтите. Во текот на јануари партнерот ќе биде тврдоглав и ќе кажува непромислени работи, но подобро воздржете се и пробајте да ја смирите ситуацијата.

Ако сте несигурни како да постапите, советите од пријателите секогаш можат да ви бидат од помош.

Ако сте сингл

Месецов ќе сакате да се активирате на љубовен план.

Можна е врска со личност која е рационална, активна и добра.

Истовремено, можно е да почнете да флертувате, па и да почнете кратка врска со некој од работа, а нема да ви недостасуваат ни додворувачи.

Ќе се двоумите дали да ја прифатите поканата за состанок со личност со која во минатото сте сакале да направите нешто, но сте останале само на флерт.

Близнаци

Ако сте во врска

Доколку не живеете со партнерот, во јануари можно е да почнете да размислувате за тоа, па дури и да се вселите во ист дом.

Сепак, во текот на месецот можно е да чувствувате дека партнерот не ве разбира доволно и ќе сакате повеќе внимание од него.

Наместо да ги криете овие мисли и чувства, споделете ги со партнерот и лесно ќе најдете решение.

Ако сте слободни

Месецов ќе сакате да почнете врска, а ќе запознаете личност на слична возраст како вас со која ќе се согласувате мошне добро.

Ќе имате и додворувачи кои можат да бидат малку напорни, но нема да им дозволите да ги преминат вашите граници.

Кон крајот на месецот можно е да запознаете образована и интелигентна личност која ќе ви понуди тајна врска.

Ова, пак, ќе ве доведе во недоумица, но до крајот на месецот би требало да одлучите дали ќе почнете врска.

Рак

Ако сте во врска

Најголем дел од времето ќе сакате да минувате со партнерот и семејството.

Генерално месецот ќе ви помине без некои проблеми и во заедничкиот дом ќе владее хармонија.

Единствено внимавајте на озборувањата, односно не дозволувајте да допрат до вас и немојте слепо да им верувате пред да разговарате со партнерот.

Ако сте сингл

Почетокот на месецот ќе ви донесе средба која може да се претвори во сериозна врска.

Можно е да пробувате да ја вратите наклонетоста на личност која ви се допаѓала во минатото или, пак, со која сте биле во врска.

Некои Ракови најверојатно ќе почнат тајна врска со личност која не е слободна. Оваа авантура ќе трае кратко.

Лав

Ако сте во врска

Овој јануари ќе бидете навистина дарежливи и креативни и ќе му покажете на партнерот дека се грижите за него.

Можно е да се соочите со проблеми, но лесно ќе ги решавате и ќе ги избегнувате непотребните конфликти.

Највозбудлива ќе ви биде првата недела од месецот каде што можете да очекувате многу изненадувања од партнерот.

Ако сте слободни

Очекувајте интересно познанство со личност на висока позиција.

Ако ви се допаѓа некоја личност, ќе се потрудите да ѝ го покажете тоа, а сосема возможно е и да ја освоите.

Сепак, на крај ќе бидете во дилема помеѓу новиот познаник и личноста што ви се допаѓа од поодамна. Добро размислете пред да донесете крајна одлука.

Девица

Ако сте во врска

Ќе бидете мошне романтични, а на моменти дури и зависни од партнерот.

Месецов послушајте ги неговите совети, особено ако сте соочени со финансиски проблеми.

Ако сте во нова врска, можно е да се соочите со бурен период. Ќе дознаете повеќе работи еден за друг, а токму ова може да биде причина за конфликти.

Ако сте слободни

Можно е да запознаете шармантна личност кон крајот на месецот, но нема да бидете заинтересирани за нешто сериозно.

Во вашиот живот ќе се појави и личност која ќе ви изгледа како добар потенцијален партнер и ќе успеете да ја освоите.

Ова е личност што веројатно ќе ја запознаете преку работа.

Бидете внимателни доколку ви се додворува личност која не е слободна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg