Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора
Вага
Ако сте во врска
Месецов не би требало да се соочите со поголеми проблеми, но ова ќе зависи од вас.
Ако сте во сериозна врска или брак, немојте да флертува со други или да мечтаете за личност која и самата е во врска.
Посветете му повеќе внимание на партнерот и изненадете го со романтичен состанок барем еднаш во текот на месецот.
Ако сте слободни
Можно е да се запознаете со интересна личност која ќе ви се додворува, дури и ако не е слободна.
Ќе почнете да се гледате со оваа личност, а врската ќе има потенцијал да се претвори во нешто сериозно, па дури и брак.
Можно е да добиете и покана за состанок која извесен период била во странство, но нема да бидете многу заинтересирани.
Скорпија
Ако сте во врска
Ве очекува мошне возбудлив месец, особено ако вашиот партнер е во воден знак.
Сепак, важно е да обрнете внимание на вашите потреби и чувства бидејќи периодов настојувате да ги игнорирате.
Кон крајот на месецот може да се соочите со љубомора во врската – или од ваша, или од страната на партнерот – но ќе го решите проблемот без големи расправии.
Ако сте слободни
Ако ви се допаѓа колега од работа, ќе треба да бидете трпеливи, особено ако е во врска.
Можно е да почнете да се гледате со личност која има комплицирана семејна ситуација, но пробува да ја реши.
Ќе сретнете и личност со добра работна позиција која веднаш ќе ви се допадне, а чувствата ќе бидат обострани.
Стрелец
Ако сте во врска
Јануари може да ви донесе напнатост во односот со партнерот, а ќе се чувствувате и осамено.
Ќе бидете склони кон љубомора и ќе настојувате да ги преувеличувате проблемите, а ова дополнително ќе влијае врз односот со саканата личност.
Нетрпеливоста ќе ви биде најголемиот проблем, па поработете на ова за месецот да ви помине хармонично.
Ако сте слободни
Ако долго време размислувате за врска или барем кратка авантура, во јануари можно е да ви се исполни желбата.
На почетокот од месецот ќе запознаете атрактивна личност која ќе ги задоволува вашите критериуми.
Можно е и да обновите старо пријателство кое сега ќе има потенцијал да се претвори во нешто повеќе.
Јарец
Ако сте во врска
Доколку сте во подолга врска, добро би било месецов да отпатувате некаде со партнерот, барем на викенд.
Ако партнерот несвесно ве повреди, немојте да почнувате караници туку решете го проблемот со смирен разговор.
Доколку сте во понова врска, јануари ќе ви донесе многу заеднички мигови кои ќе ви дадат можност подобро да се запознаете и да го продлабочите односот со партнерот.
Ако сте слободни
Имате потреба да си го средите љубовниот живот.
Јануари ќе ви донесе многу искушенија и можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа, но за која не сте биле сигурни што мисли за вас.
Ако во првата половина од месецот не направите ништо, ќе имате можност за промена кон крајот на јануари.
Потрудете се да ја искористите максимално.
Водолија
Ако сте во врска
Ве очекуваат интересни пресврти во љубовниот живот.
Со партнерот ќе сакате да излегувате со поголемо друштво, но и да викате гости кај вас дома.
Ако минатиот месец сте го заладиле односот со партнерот, во јануари ќе ставите крај на конфликтите и ќе најдете заеднички јазик.
Ако сте слободни
Кон средината на месецот можно е конечно да ја сретнете личноста која ви се допаѓа, но со која сте немале можност да поразговарате.
Чувствата ќе бидат обострани, но поради ова ќе се соочите со дилема.
Ќе ви се укаже можност да освоите и друга личност што ви се допаѓа, па дајте си време да размислите пред да донесете конечна одлука.
Риби
Ако сте во врска
Вашите емоции ќе бидат особено нагласени и ќе ви помогнат значително да го подобрите односот со партнерот.
Партнерот ќе сака да ви помогне со проблемите со коишто се соочувате и добро би било да ја прифатите неговата поддршка.
Ако сте во долга врска, можно е да почнете да размислувате и за брак. Доколку планирате да се преселите во странство, моно е да слушнете добри вести за ова.
Ако сте слободни
Пробајте да не го занемарувате љубовниот живот и искористете ги можностите што ќе ви се укажат овој месец.
Можно е да се запознаете со интересна личност под чудни околности, а набрзо да почнете и врска.
Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се обиде повторно да ве освои, но нема да успее.
Спирова С. | Црнобело