Една причина зошто го немате преболено раскинувањето со поранешниот партнер, според месецот на раѓање

Ако сте родени во јануари: Не го преболевте затоа што уште не можете да се помирите како не „падна“ на вашата магија. Толку сте харизматични и сите ве обожаваат, па зошто не и тој/таа?

edna-prichina-zoshto-go-nemate-preboleno-raskinuvanjeto-so-poraneshniot-partner-spored-mesecot-na-ragjanje-01.jpg

Сите ние имаме барем еден поранешен партнер кој никако да го преболиме... Но, која е причината?

Во што тој или таа биле поинакви од сите други и оставиле така силен белег?

Една причина зошто го немате преболено раскинувањето со поранешниот партнер, според вашиот месец на раѓање:

Јануари

Не го преболевте затоа што уште не можете да се помирите како не „падна“ на вашата магија.

Толку сте харизматични и сите ве обожаваат, па зошто не и тој/таа?

Февруари

Не го преболевте затоа што мислевте дека ќе успеете со него/неа да одржите „кежуал“ однос, нешто како пријатели со бенефиции, но вие всушност се вљубивте до уши.

Не дојде до официјализирање на врската и тоа ви го повреди егото.

Март

Не го преболевте затоа што сте навикнати луѓето да го прават тоа што ќе им го кажете, а оваа личност ве предизвика.

Силни сте и одлучни и доминирате со сите, но не и со него/неа. Сега, сите љубовни партнери се бледи во споредба со него/неа.

edna-prichina-zoshto-go-nemate-preboleno-raskinuvanjeto-so-poraneshniot-partner-spored-mesecot-na-ragjanje-02.jpg

Април

Не го преболевте затоа што тој партнер беше тивок, а вие сте навикнати да бидете гласни за своите емоции и да го добиете истото за возврат.

Иако поминаа години, уште не можете да престанете да мислите колку мистериозна личност беше оваа и како би ви изгледала иднината со неа.

Мај

Не го преболевте затоа што не можете да се помирите како не гледаше иднина со вас.

Сè изгледаше толку совршено, никогаш не сте сакале некој толку многу како него/неа, но никогаш не бевте вистинскиот избор за брак. Како е можно?

Јуни

Не го преболевте затоа што свесни сте дека тогаш не му бевте дораснати, а сега сте. Дури потоа ги откривте своите грешки.

Уште го/ја демнете на социјалните мрежи и се прашувате како ќе беше ако го/ја запознавте постари и помудри.

Уште 6 месеци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се ...
Финансиски хороскоп за ноември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат загуба? Риби - Почетокот на месецот ќе ви донесе стресни ситуации поради долг кој с...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg