Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Една причина зошто го немате преболено раскинувањето со поранешниот партнер, според месецот на раѓање

edna-prichina-zoshto-go-nemate-preboleno-raskinuvanjeto-so-poraneshniot-partner-spored-mesecot-na-ragjanje-03.jpg

Јули

Не го преболевте затоа што знаете дека сите притисоци врз вас беа само за да излезете од школката.

Дури подоцна научивте како да се поврзете со своите емоции и да го зборувате љубовниот јазик, но беше предоцна.

Август

Не го преболевте затоа што не сакаше ништо сериозно со вас, а вие сте лепенка за сериозни врски.

Уште сте со скршено срце затоа што си дозволивте толку долго да мислите дека оваа личност ќе се премисли во врска со вас.

Септември

Не го преболевте не затоа што ве болеше раскинувањето, туку затоа што го изгубивте како пријател.

Врската беше токсична и знаете дека ви е подобро без него/неа како партнер, но дефинитивно ви фалат длабоките, интимни разговори, кои можат да се водат само со вистински пријател.

Октомври

Не го преболевте затоа што не ви се верува дека некој може да мисли дека вие не сте доволно добри.

Дадовте сè од себе за да покажете колку сте совршени, но не ви поверуваа. Потајно дури се надевате дека во некој нареден живот ќе завршите заедно само за да сфати што пропуштил/а.

Ноември

Не го преболевте затоа што конечно успеавте да се отворите некому и да го покажете своето автентично „јас“ и на крај завршивте отфрлени.

Поповредени не сте биле во животот и сакате одмазда.

Декември

Не го преболевте затоа што чувствувате како да ви се лизна низ раце и ви избега. Беше специјална личност за вас, но како да не се потрудивте доволно.

Посакувате да се сретнете одново и да ги направите работите на вистинскиот начин.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатен... Девици – февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да зн...
Финансиски хороскоп за ноември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат загуба? Риби - Почетокот на месецот ќе ви донесе стресни ситуации поради долг кој с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg