Љорет де Мар - рај за млади

ljoret-de-mar-raj-za-mladi-povekjeЉорет де Мар е место во Коста Брава, Шпанија, кое најчесто е посетувано од млади заради бројните можности за забава. Но, сепак, Љорет е место...

 

...кое има многу повеќе од само забава.

Овој модерен и динамичен град сместен на јужниот дел од Коста Брава се издвојува по можностите што ги нуди неговата локација – на 100 km од Франција и 75 km од Барселона, со шармантен брег со плажи и заливи, богато културно наследство, мали селца, средновековни замоци, цркви и градини.

Љорет де Мар е град со долга историја, стар преку 1.000 години. Основан е од римјаните чии траги може да се видат во околината.

ljoret-de-mar-raj-za-mladi-1

Се верува дека името потекнува од зборот "lauretum" што значи “ловор“. До 50-тите години на минатиот век, жителите главно заработувале од трговија. А денес од туризам.

Со историја што датира од III век п.н.е Љорет де Мар важи за вистински космополитски град, кој пречекувајќи илјадници туристи секоја година, успева да го задржи и својот традиционален идентитет.

ljoret-de-mar-raj-za-mladi-2

Регионот полн со културно историски споменици и бујна природа е одлична основа за културен и спортски туризам.

Но, благодарение на секогаш интересниот ноќен живот градот привлекува пред се’ млади туристи желни за целовечерна забава.

Доколку сакате помирен одмор изберете сместување подалеку од клубовите или отпатувајте надвор од главната сезона.

Главната плажа долга 1.630 метри секоја година е наградувана со Сино Знаме, што значи дека е исклучително чиста, безбедна и ги задоволува еколошките стандарди. Всушност, вакви карактеристики имаат сите пет главни плажи на брегот долг 7 km.

ljoret-de-mar-raj-za-mladi-4

Вечерите и ноќите во Љорет де Мар може да ги поминете во амбиент по ваш вкус затоа што изборот е огромен – од традиционални таверни до современо уредени кафулиња, дискотеки, клубови, британски и германски пабови, домашни и интернационални ресторани.

ljoret-de-mar-raj-za-mladi-3

Можете да одите на пена парти во Colossos, на караоке забаво во Moby's или едноствно да танцувате до изгрејонце во Bumpers, Tropics или во Hollywood.

Љорет де Мар е место кое сигурно ќе ви овозможи незаборавен одмор.

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештиц... „За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќи...
12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне.
Грејс Хансен