Посакува вистинска љубов, би снимил „филм за возрасни“ - Кој е „Принц од Врање“, евровизискиот претставник на Србија?
Едни го споредуваат со Аладин, други велат дека ги потсетува на Тарзан. Кој е пејачот Стефан Здравковиќ, кој победи на српскиот избор на Песна за Евровизија 2025?
Стефан Здравковиќ во јавноста веќе неколку години е познат под неговото уметничко име „Принц од Врање“.
Овој 31-годишен пејач синоќа (28.02) победи во финалето на српскиот избор за Евровизија (ПЗЕ), со песната „Мила“ и ќе ја претставува Србија на Евросонг, кој во мај ќе се одржува во Базел, Швајцарија.
Фото: И. Стошиќ
Интересно е што на изборот настапи и неговата поранешна девојка Тамара Поповиќ - Там, која, според јавноста е најголемата љубов на Стефан.
Тие се дружеа, си честитаа по настапите и се бодреа еден со друг.
Па, што знаеме за српскиот пејач со впечатлив изглед?
Роден е на 29 септември 1993 во Врање, но од својата деветта година живее во Белград.
Тој бил првак и вицешампион на Србија во карате, а се натпреварувал и за српската карате репрезентација.
На 15 години почнал да се занимава со музика, кога со другарите од средно го основал бендот „Шеста жица“.
Свири на гитара и тапани.
Од 2016-та е пејач на групата „Сизип“.
Студирал на Филолошкиот факултет, на отсекот за скандинавски јазици, книжевност и култура.
Зборува норвешки јазик.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





