Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Хакер |
Ако сонувате хакер може да има лошо значење. |
Халуцинација | Сон во кој халуцинирате може да значи успех во работата. |
Хамбургер | Ако на сон видите хамбургер претставува добар знак. |
Харем | Ако видите харем во сонот значи дека ќе сносите последици за некоја направена глупост, ве чека неволја! |
Хармоника | Ако видите хармонија во сонот предупредува на неморални зделки, ако ја слушате значи дека претерано сте сомничави, а ако ја свирите значи дека некој ќе ве израдува на јаве. |
Хартија | Ако видите хартија во сонот значи дека ви претстои расправија, непријатност, непријатно писмо. |
Харфа | Ако свирите на харфа во сонот тоа значи дека ќе запознаете нови пријатели, тага, жалост. |
Хаска | Ако сонувате хаски: добрината ќе ве чини, наивни сте. Не ги забележувате потезите на вашите противници. |
Хеланки | Облека на сон се однесува на тоа како ве гледаат луѓето. |
Хељда | Предупредува дека ви следи период на сиромаштија, немаштија. |
Хемикалии / Хемија | Сонот со хемикалии или часови по хемија ја симболизира вашата желба да дознаете повеќе за одредени реакции што ќе се случат во блиска иднина. |
Хемороиди | Сон во кој ве мачат хемороиди значи дека ќе учествувате во некои нечесни работи. |
Хепатит | Хепатит на сон не дава многу надеж за реализација на вашите планови. |
Херој / хероина | Предупредува дека ви се заканува опасност! Бидете внимателни, нештата нема да ви одат од рака! |
Херпес | Ако сонувате херпес, ова значи некакви здравствени проблеми и прашања кои долго не сте сакале да ги проверите. |
Хидроцентрала | Хидроцентрала на сон претставува добар знак. |
Химна | Ако сонувате химна, тоа е добар знак. |
Хипнотизирање | Ако бидете хипнотизиран: некој ќе ве измами, секоја школа и наука се плаќа; ако хипнотизирате некого: тргнете се од опасни бизниси; ако видите хипнотизирање: ќе стекнете слава и углед во својата околина. |
Хиподром | Среќа, богатство и убави настани се пред вас. |
Хипохондрик | Добро размислете пред да го прифатите советот од ваш стар пријател. |
Хирург | Сон во кој има хирург е знак дека ви се доближува некој непријател. |
Ходник | Ако сонувате ходник општо земено, тоа укажува на некои промени, период на чекање пред влез во главната фаза. |
Хокеј | Хокеј на сон би требало да претставува добар знак. |
Хомосексуалец | Жените честопати се вознемирени однивните лезбејски соништа, но ова апсолутно не е никаков знак дека имате склоност кон геј односи со жена. |
Хонорар | Хонорар во сон означува дека ќе имате непредвидени трошоци. |
Хорор филм | Веројатно се плашите дека вашите најлоши стравови ќе се остварат, било да се однесува на неуспех на работа или на пропаст на бракот или врската. |
Хороскоп | Мотивот на хороскопот често е претставен во соништата на луѓето кои редовно го читаат. |
Хотел | Ако видите хотел во вашите соништа, тоа значи дека ве очекува болест, загуба, штета на патот. |
Хотелска соба | Соновите врзани со хотел најчесто се однесуваат на вашиот моментален живот и условите во кои живеете. |
Храброст | Значи дека некој на јаве ќе ве понижи. |