Вреќа
Term | Main definition |
---|---|
Вреќа | Полна: ќе ви се зголеми имотот, признание; празна: ви се заканува штета, жалост, грижи; ако носите: малку повеќе ценете ја туѓата работа; искината вреќа: имате потешкотии во зделките. Што значи да сонувате вреќа?Мотивите и толкувањата на соновите со вреќа се различни. Понекогаш зависат од тоа во каква состојба е вреќата, а понекогаш од содржината во она што е во вреќата. Самиот сон е редок, бидеjќи обично вреќата е спореден мотив во соновите, а не главен, а уште почесто не ги забележуваме поради главните мотиви. Ако сонувате полна вреќаАко на сон видите полна вреќа тоа означува признание. Можеби ќе ве пофали личност чие мислење ви е многу важно. Ќе сфатите дека е вистински момент да се стегнете и да покажете што знаете и умеете. Напорно ќе работите и ќе пропуштите многу активности за да можете подоцна да уживате во наградите во вид на покачување на плата, слободни денови и тн. Ако сонувате празна вреќаАко на сон видите празна вреќа, тоа предупредува на штета. Може да се случи членовите на семејството да трошат пари кои со години сте ги штеделе. Ќе сметате дека некој член вложува пари во лоши проекти, но штом ќе му/и кажете нешто, ќе тврди дека не му/и дозволувате да се осамостои и ќе ви се закани дека ќе престане да работи со вас. Ако сонувате дека носите вреќаКога на сон носите вреќа, тоа значи дека треба малку повеќе да го цените туѓиот труд. Веројатно сметате дека луѓето што не завршиле факултет или кои не работат во добри фирми се неспособни. Често ги потценувате и гледате од висина и не сфаќате дека кога-тогаш и вие можете да се најдете во иста ситуација. Ако сонувате дека други носат вреќаАко сонувате дека други носат вреќа тоа, имплицира дека треба повеќе да ја цените туѓата работа. Доколку сте сопственик на фирма, ова особено се однесува на вас. Иако не смеат да ви го кажат во лице, вашите работници не се задоволни од третманот кој го добиваат и радо би ја напуштиле фирмата ако им се укаже подобра прилика. Функционирањето на вашата фирма би било подобро кога би упатиле макар еден убав збор или друг гест кој симболизира почитување. Би требале да ги послушате советите на луѓето кои имаат поголемо искуство од вас и кои се трудат да ви укажат на грешките. Ако сонувате дека сте испуштиле вреќаАко на сон сте испуштиле вреќа тоа значи дека нема да бидете подготвени за работа. Можно е дека ќе излегувате и доцна ќе си легнувате во кревет и нема да ги завршувате обврските на време. Шефовите ќе ве опоменат, но само од вас ќе зависи дали сериозно ќе го сфатите тоа и ќе почнете да докажувате дека можете да бидете одговорни и добро да работите. Ако сонувате искината вреќаКога на сон ќе видите искината вреќа тоа предупредува на потешкотии во работењето. Веројатно работодавецот ќе доцни со исплатата на пари па ќе мора да се снаоѓате како знаете. Ќе позајмувате пари и ќе ги намалите барањата за да можете да преживеете. Ако полните вреќаАко на сон ја полните вреќата со нешто, тоа укажува дека ќе почнете да работите. Доколку размислувате да промените работа или допрва ќе барате, наредниот период ќе ви донесе бројни можности. Знаете дека заслужувате повеќе, но стравот од неуспехот ќе ве задржи во околината која не го цени доволно ниту вашиот труд ниту вашето залагање. Во еден момент ќе сфатите дека вашето жалење нема никаква смисла поради тоа што сметате дека ви е направена неправда, туку морате нештата да ги земете во свои раце и да направите се што треба за да си обезбедите подобри услови за живот. Ако изгубите вреќаДоколку на сон изгубите вреќа тоа може да има повеќе значења. Овој сон укажува на тоа дека сте незадоволни од вашиот љубовен живот. Веројатно не се чувствувате сакано во врската или во бракот или дека ви недостасува слобода. Луѓето обично сонуваат дека изгубиле вреќа ако се подготвуваат за развод или раскинување. Затоа размислете кои се причините за овие соништа. Ако пронајдете вреќаКога сонувате дека сте пронашле вреќа тоа имплицира дека сте дружељубива личност која лесно формира нови познанства и пријателства. Не ви е тешко да се вклопите во какво било друштво и сакате луѓето да поминат време со вас бидејќи зрачите со позитивна енергија. Ако немате партнер покрај вас тоа би можело да се промени во блиска иднина. Ако сонувате платнена вреќаДоколку сонувате платнена вреќа тоа значи дека ќе успеете да заштедите за нешто за кое долго време си мечтаете. Можеби станува збор за автомобил, стан или патување, а можеби се однесува и на некој парфем, телефон или парче облека, која долго време ви се допаѓа. Ќе бидете горди кога ќе станете сопственик на она што отсекогаш сте го сакале или кога ќе отпатувате онаму каде што сте мечтаеле. Ако сонувате хартиена вреќаКога сонувате хартиена вреќа тоа ви е предупредување да не им судите на луѓето пред да ги запознаете убаво. Предрасудите не ви дозволуваат да формирате нови познанства. Цврсто сте убедени дека вашиот прв впечаток никогаш не ве измамил, но не сте во право. Поради тоа сте пропуштиле многу можности во животот да запознаете интересни и забавни луѓе, кои би можеле да го збогатат вашето секојдневие. Ако сонувате кожна вреќаКога на сон ќе видите кожна вреќа, тоа значи дека е време поубаво да го организирате вашето секојдневие. Одредете ги приоритетите за да имате повеќе време за дружење со пријателите и со семејството, забава и уживање. Освен тоа, би можеле да ги планирате идните чекори, да научите како на другите луѓе да им кажете „не можам“ и „не сакам“, бидејќи само на тој начин ќе си бидете приоритет. Немојте на себе да преземате туѓи обврски и одговорности. Ако сонувате пластична вреќаПластична вреќа симболизира лежерен став кон животот. Вие сте личност која никогаш не прави планови и дозволува нештата да и се случуваат стихиски. Едноставно, живеете од ден на ден. Парите ги трошите кога ќе ги имате при рака, а кога ги немате, не се оптоварувате со тоа. Верувате дека сите нешта се случуваат со причина, па оние кои не ве познаваат доволно сметаат дека сте несериозни и неодговорни. Тоа особено се однесува на врската со родителите, роднините и партнерот, кои ретко имаат разбирање за вашиот стил на живот. Ако сонувате вреќа за боксОвој сон може да има повеќе значења. Обично го сонуваат луѓе кои на јаве доживеале некаква непријатна ситуација, па бесот и фрустрацијата ги пренеле на сон. Веројатно не сте изреагирале добро во дадениот момент, па лутината се одразила на вашата потсвест. Од друга страна, можеби чувствувате дека некој го исфрла бесот и фрустрацијата врз вас. Можеби се работи за партнерот, членот на семејството или шефот кој на таков начин се обидува да ги мотивира своите работници. Дефиниција за вреќаВреќа е наједноставниот вид на торба во која се носат помалку вредни работи. |