Војна

Term Main definition
Војна

Сонување војна предупредува дека ќе имаш судир со властите, ти претстојат тешкотии.

Војна - Што значи да сонувате војување?

Војната и војувањето се чести поими и мотиви во соништата. Ако сме учествувале во војна, ако сме ја преживеале војната или ако неодамна сме гледале вести поврзани со војна или дури и филм, тогаш не ги толкуваме тие соништа затоа што тие се контаминирани од претходното или неодамнешното искуство.

Ако во сон гледате војна

Ако во сон гледате дека некој војува, тоа означува немир. Можно е премногу емотивно да ги дожививувате конфликтите што се случуваат помеѓу членовите на семејството, пријателите или колегите.

Тоа влијае на вас, иако нема никаква врска со вас, па затоа не успевате да функционирате нормално од страв дека некој ќе го напушти домот или фирмата.

Можно е во вас да се случуваат конфликти кои  асоцираат на војна помеѓу доброто и злото, она што го сакате вие и очекувањата на другите луѓе. Ако се наоѓате на пресвртница во вашите љубовни и деловни односи, ќе бидете во недоумица каква одлука да донесете.

Може да затворите врата зад себе  што повеќе нема да можете да ја отворате. Што и да одлучите, ќе биде доцна за каење. Ако вашиот единствен страв е дека ќе ги изневерите туѓите очекувања, ќе сфатите дека е најдобро да стиснете заби и да се обидете да живеете како што сакате, особено ако станува збор за промена на работното место, факултет или партнер.

Ако сонувате дека слушате за војна на вести

Кога сонувате вести за војна, и не учествувате во неа, тоа обично ја опишува вашата личност. Постојат многу работи што би ги направиле во животот, а поради некоја причина не се осмелувате. Околината ви замерува за вашиот незаинтересиран однос кон животот.

Тоа ве прави уште понезадоволни од вообичаено, но стравот од неуспех и разочарување е многу посилен. Се плашите да преземете одговорност за вашите постапки и да се соочите со нивните добрите и лошите страни.

Трагично гледате на неуспесите и не се осмелувате да пробате работи што би можеле да ве направат среќни.

Ако сонувате дека вие војувате со некого

Доколку во сон вие со некого војувате, тоа подразбира дека сакате конфликти. Вие сте по природа кавгаџија кој никому не останува должен. Не се смирувате сè додека не кажете сè што имате, по што чувствувате задоволство.

Не им дозволувате на другите ни да помислат дека ве замолкнале, затоа што секогаш наоѓате начини да се одбраните и да нападнете.

Ако сонувате повик за војна

Ако сонувате повик за војна, тоа предупредува дека ќе имате судир со властите. Можно е да не се согласувате со одлуките донесени од луѓе кои се на повисока позиција од вас.

Ќе им се заканувате неколку пати, па може да се случи да добиете отказ, ќотек или некој друг вид предупредување што ќе ве натера да се повлечете.

Ако сонувате дека некој сака да војува со вас

Кога во сон некој сака да војува со вас, тоа укажува дека ќе одолеете на провокации. Може да се случи некој да сака да ги лекува своите фрустрации на вас што нема да му го дозволите на кој било начин. Ќе ви биде јасна неговата/нејзината намера, па  ќе се трудите да го избегнувате.

Ако сонувате дека вие одбивате да војувате

Ако во сон вие не сакате да војувате, тоа значи дека дозволувате премногу. Вие сте личност која е во состојба да трпи многу, само за да го зачува мирот дома или на работа. Другите ја користат оваа ваша особина, па си дозволуваат луксуз да кажат или да прават работи што никој не би ги толерирал.

Ако сонувате дека некој друг не сака да војува

Доколку во сон некој друг не сака да војува, тоа симболизира помирување. Веројатно повторно ќе обновите контакт со личност со која некогаш сте биле блиски. Ќе заборавите сè што сте си кажале еден на друг и ќе се обидете пријателството, врската или деловната соработка да ја почнете од почеток.

Ако сонувате дека бегате од војна и војување

Кога во сон бегате од војување, тоа означува траума. Можно е да сте доживеале  искуство во минатото што ви оставило длабоки лузни. Често се сеќавате на него и, без ваша волја, размислувате како би изгледал вашиот живот ако сè беше поинаку.

Ако сонувате дека сте предизвикале војна

Кога во сон предизвикувате војна, тоа укажува дека би требало да внимавате на вашето однесување. Веројатно сакате да им се спротивставувате на родителите и едвај чекате нешто да им префрлите. Сепак, нема да ви биде пријатно кога ќе се караат поради вас и ќе почнат да се обвинуваат себеси дека некаде згрешиле во вашето воспитување.

Ако сонувате дека сте победиле во војна

Ако во сон победите во војна, тоа означува неуспех. Можно е за еден период од вашиот живот најмногу да одговара описот: „Ако ја погодиш целта, си промашил сè останато.“ Наместо да се радувате да го остварите она што сте го замислиле, ќе имате впечаток дека сте пропуштиле многу и ќе ви биде тешко да ја пополните празнината што ја чувствувате.

Ако сонувате дека сте ја изгубиле војната

Кога во сон губите војна, тоа симболизира олеснување. Веројатно ќе сфатите дека за некои луѓе или не вреди да се бориш затоа што едноставно не ви се судени. Ќе пуштите работите да одат по својот тек, верувајќи дека ќе запознаете некој кој ќе умее да го цени вашиот труд и да одговори позитивно на него.

Ако сонувате дека сте ранети во војна

Доколку сонувате дека сте ранети во војна, тоа подразбира дека нема да оставите некого на цедило. Може да се случи да му помогнете на пријател да ја спроведе својата идеја во дело. Иако не го/ја поддржувате во целост, ќе се трудите да го задржите мислењето за себе и да не го/ја напуштате и не гио/ја осудувате како  сите други.

Ако загинете во војна

Кога сонувате дека вие или некој кој ви е драг умира во војна, можно е да сте имале трауми во минатото што оставиле длабока трага во вашата потсвест. Ќе се трудите  да имате активности кои можат да ви помогнат да се опуштите и да се справите со стресот. Ако се обратите некому за помош, тој секако ќе ве советува да започнете да спортувате.

Дефиниција за војување

Војна или војување е конфликт што вклучува организирана употреба на оружје и физичка сила од страна на држави или други општествени групи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg