Владика

Term Main definition
Владика

Ако го видите значи дека на јави ќе ви се остварат намерите, ако разговарате со него симболизира среќа во семејството.

Што значи да сонувате владика?

Ако видите владика на сон

Ако на сон видите владика, тоа значи ќе ги остварите вашите намери. Веројатно планирате да започнете нешто за кое ви е потребен совет и благослов од личноста што ја сакате и на која и верувате. Ако сакате да се венчате во црква, ќе направите разговор со свештеник, а доколку започнувате работа, ќе му се обратите на пријател или на роднина кој е успешен на тоа поле.

Ако разговарате со владика

Ако сонувате дека разговaрате со владика тоа симболизира среќа во семејството. Вашето богатство не е во материјалните нешта, туку во луѓето кои ве опкружуваат. Имате разбирање едни за други и најпријатно се чувствувате во вашиот дом. Односите помеѓу членовите на семејството се карактеризираат со разбирање и меѓусебна љубов.

Ако на сон одбивате да разговарате со владика, тоа имплицира не сакате да признаете дека се  срамите поради нешто што сте го направиле. Стравот од туѓото мислење ќе ве спречи да уживате во убавите нешта кои ви ги носи животот. Иако сте погрешиле, никој нема да ве осуди, ниту пак, ќе посака да ви врати со иста мера. Ќе биде потребно само да се извините и се ќе се врати во нормала.

Ако во вашиот сон некој друг разговара со владика тоа значи дека ќе чуете добри вести. Роднина кој живее во странство ќе ви се јави да ви каже дека чека принова што многу ќе ве израдува. Размислете како ќе го организирате своето време за да го посетите кога ќе се роди бебето.

Ако барате совет од владика

Кога сонувате дека барате совет од владика  тоа симболизира нов почеток во вашиот живот. Можеби ќе се одлучите да промените работа или да започнете сопствен бизнис, а не е исклучено ниту дека поради тоа ќе се преселите во друг град или држава. Ако веќе некое време планирате да започнете заеднички живот со сегашниот емотивен партнер, веројатно дошол вистински момент за тоа.

Сепак, ќе побарате совет од луѓе на кои им верувате за да ви помогнат да решите недоумица поврзана со голем чекор во вашиот живот.

Ако се расправате со владика

Ако на сон се расправате со владика тоа имплицира дека личноста која ја сакате ќе ви каже нешто поради што многу ќе се налутите.

Веројатно ќе ви упати критика поради лошо однесување или погрешна одлука која сте ја донеле. Наместо да прифатите вина, вие ќе изреагирате бурно поради што би можеле подоцна да се покаете.

Доколку сонувате дека некој друг се расправа со владика тоа значи дека ќе се најдете во ситуација во која ќе мора да пресудите во спор помеѓу две блиски лица. Луѓе кои ви значат ќе влезат во расправа и ќе бараат од вас да заземете страна. Пред да донесете пресуда ќе мора да ги земете предвид сите аргументи за да не ги повредите ниту едните ниту другите.

Благодарение на талентот за дипломатија ќе успеете да се извлечете без лузни.

Ако се тепате со владика

Сон во кој се тепате со владика предупредува дека поради трачеви би можеле да си ја загрозите работата или добрата репутација која подолго време настојувате да ја изградите во друштво. Навиката без проблем да коментирате нечии постапки и одлуки ќе му пречи на работодавецот, па тоа ќе го протолкува како знак дека не сте „тимски играч“ и дека од самата работа „послатки“ ви се муабетите во ходниците.

Ако на време не ја промените оваа грда навика би можеле да си го загрозите работното место од кое зависи вашата егзистенција. Од исти причини би можеле да останете без блиски пријатели. Некои ќе сфатат дека не смеат да ви се доверуваат, бидејќи сте подготвени да ги издадете нивните тајни. Водете сметка за тоа што го работите и говорите, ако не сакате да ги изгубите оние кои ви се драги.

Доколку, пак, сонувате дека други се тепаат со владика тоа имплицира дека некој од блиските членови на семејството ќе ве посрами. Поради неговите/нејзините постапки ќе ви биде срам да излезете на улица. Меѓутоа, мора да бидете свесни дека секој треба да одговара за своите постапки и дека вие не можете да сносите одговорност за тоа што прават другите луѓе.

Ако убиете владика

Ако сонувате дека сте убиле владика тоа значи дека неправедно ќе го обвините партнерот/партнерката дека ви бил/а неверен/на  или колегата/колешката дека се обидува да ви ја преземе функцијата во фирма. Поради тврдоглавоста нема да сакате да послушате што има да каже во своја одбрана, туку со ваши зборови дополнително ќе го/ја навредите. Со оглед на тоа дека и двете страни ќе се чувствувате повредено, ќе ви биде потребно многу време да го отплеткате Гордиевиот јазол што сте го заплеткале. Сето тоа може на време да се спречи само доколку на време му/и дадете шанса да ви објасни за што се работи.

Сон во кој гледате како некој друг убива владика тоа значи дека имате навика да осудувате се што не е во склад со вашите уверувања, без да имате знаење или искуство за тоа. Навикнати сте луѓето да ги делите по категории кои самите сте си ги поставиле и не им давате шнса да ви покажат дека не сте во право. Тие предрасуди ве спречуваат да си го збогатите животот со нови и интересни познанства и искуства.

Ако бакнете владика во рака

Кога сонувате дека сте бакнале владика во рака тоа значи дека трудот кој го вложувате за доброто на целото општество во кое живеете конечно ќе ви се исплати. Наградата нема да биде парична, туку во тоа дека луѓето ќе ги препознаат вашите добри намери. Со своите постапки придонесувате за општото добро и тоа ќе воодушеви многу ваши сограѓани, што ќе ви биде дополнителна мотивација да се трудите.

Ако на сон видите дека други бакнуваат рака на владика тоа имплицира дека ќе ги одложите вашите обврски за да помогнете на некој пријател. Така ќе му се оддолжите за се што сторил за вас.

Ако бегате од владика

Сон во кој бегате од владика укажува дека совеста не ви е чиста. Постои некоја одлука од минатото од која се срамите и сакате да ја сокриете од сите што ве познаваат. Тоа влијаело врз вашиот однос со партнерот или некој домашен. Сфатиле дека нешто криете и ви вршат притисок да ја кажете вистината. Ќе се најдете во морална дилема или конечно да го признаете „гревот“ и да ја изгубите почитта кај луѓето или сами да се борите со тајната.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе владика или разговарале со него, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за владика

Црковени великодостојник.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg